3Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
ЖивотПред да ги фатат , хакери извлекле милијарда долари од компании низ целиот светПред да бидат откриени , хакери извлекле најмалку една милијарда долари од сметки на компании низ целиот свет . Само во САД украле над 15 милиони кредитни картички , сопственост на 3 600 компании , од дел од нив ги исчистиле парите , а дел продале на црниот пазар. Американското министерство за правда минатата недела објави дека се уапсени тројца Украинци , кои ја предводеле групата хакери Фин 7 со ограноци низ целиот свет. Списанието Wired ги нарекува сајберкриминална империја , поради начинот на кој оваа хакерска група го издигна криминалниот бизнис на досега невидено ниво. За германски Stern зтанува збор за најинтелигентна сајбер банда откриена во минатите години. Тие ја користеле компанијата Comby Security како параван зад кој вработувале информатичари во повеќе земји. Официјално оваа компанија се занимава со откривање безбедносни пропусти во работењето на компаниите , а всушност е параван за криминална организација , која според проценките на американските власти неделно краде околу 50 милиони долари од сметки на банките и други компании. Има ограноци во Москва , во Хаифа во Израел , потоа во украинска Одеса. Екипата на Фин 7 делува како угледна компанија – вработува информатичари и им дава годишен одмор и слободен викенд. FireEye, приватната компанија , која била ангажирана од американските власти за да им влезе во трагата на хакерите , откриле огласи за вработување во Comby Security и тоа во Русија , Украина и Узбекистан. Украинците Дмитриј Федоров , Федир Хладир и Андреј Копаков с еуапсени во Полска , Шпанија и во Германија. 33 годишниот Хладир , кој е уапсен во Дрезден е предаден на САД и сега е во притвор во Сиетл. Американците очекуваа екстрадиција и на 44 годишниот Федоров и на 30 годишниот Колпаков. Тие се осомничени дека со години работеле за групата Фин 7. Иако сите тројца имаат важна улога во структурата на оваа организација , не е познато дали некој од нив е шеф на групата. И покрај апсењата , криминалната сајбер група и натаму работи. Истражителите се запрепастени од начинот на кој работи групата . Наместо да праќаат меилови и атачменти на непознати луѓе , тие им праќале меилови токму на луѓето кои се одгвоорни во компанијарта да одговараат на нив . Така на пример , праќале меил до рецепција на голем хотел дека некој од нив бил гостин кој си го заборавил куферот или до продавница каде се жали на квалитетот на купената роба. Кога жртвата кликнува на атачментот несвесно го собира malware, програма кој им овозможува на хакерите да се инфилтрираат во информатичкиот систем на одредена компанија. Во рок од две недели Фин 7 добива на тој начин секакви информации за компанијата. ФБИ , За да продре во системот на работење на оваа хакерска група може дури и да се нагоди со тројцата уапсени , иако тоа би значело признавање на сите 20 точки од обвинението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Аеродром продолжува со ослободување на јавните паркинзи од хаварисани и отпадни возилаОпштина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред. По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните. Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи. Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор. Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу ДабиРускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ). Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“. Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев. Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“. Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт. Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter