Пред четири години работел во пекарница, сега премина во Сити за 62 милиони евра - Канал 5

Пред четири години работел во пекарница, сега премина во Сити за 62 милиони евра

Матеус Нунес (25) е новиот играч на Манчестер Сити.

Пред четири години работел во пекарница, сега премина во Сити за 62 милиони евра

Португалецот со бразилски корени доаѓа во Сити од Волвс за 62 милиони евра. Офанзивниот играч за врска потпиша петгодишен договор. Во својата кариера настапуваше за португалските клубови Есторил, Ерисеиренсе и Спортинг, а во Волвс пристигна минатото лето за 45 милиони евра.

Нунес имаше неверојатно патување. Момчето кое израсна во фавелите на Рио де Жанеиро идолизирајќи го Роналдињо, а со мајка си и очувот се пресели во Португалија кога имаше 13 години, денес е одличен фудбалер за кого европскиот и англиски шампион Манчестер Сити реши да направи голем трансфер.

Пред четири години, тој работеше во семејната пекара во гратчето Ерицерија, недалеку од Лисабон, одеше на тренинзи во Спортинг и се надеваше дека еден ден нешто ќе му се случи. Неговиот татко никогаш не бил дел од неговиот живот, па неговата мајка Катија била главната фигура за време на неговото растење, а тоа е и денес, кога тој е глобално популарна ѕвезда.

„Имаше моменти кога немавме што да јадеме, не помогна што мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Првпат ја удрив топката со неа. Ако немавме топка, јас и браќата игравме со чорапи, важно беше само да се тркала, мајка ми и денес не знае како се случи да не станам крадец или дилер“, рече Нунеш во интервју за португалскиот рекорд минатата година за семејството, а ја појасни работната ситуација за ТВ Спортинг во пекарата:

„Работев во пекара околу пет-шест месеци. Доаѓав наутро бидејќи натпреварите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа и потоа морав да тренирам, не можам да кажам дека беше лесно. Немав возачка дозвола, па се будев во 5 часот наутро за да стигнам со велосипед на работа“.

Нунес за Португалија има 11 настапи и еден гол, а за Волвс постигна еден гол и асистираше на 41 натпревар. За Спортинг Лисабон одигра 101 натпревар и постигна осум гола со девет асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.

ДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“

Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ.

Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.

Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев

110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра.

Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството.

Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови.

Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа.

Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер