Пред 60 години почина Мерлин Монро, до денес нејзината смрт е мистерија

На денешен ден пред 60 години почина Мерлин Монро, една од најголемите ѕвезди на сите времиња и секако најпознатата русокоса во историјата.

Таа е родена на 1 јуни 1926 година под името Норма Џин Мортенсон во болница во Лос Анџелес. На 23 февруари 1956 година, таа го променила своето име во Мерилин Монро. Таа беше филмска актерка, пејачка, модел и модна икона. Таа го освои и Златниот глобус за најдобра актерка во комедијата „Некои луѓе го сакаат тоа жешко“ и за најпопуларна актерка во светот. Беше позната по комичните улоги, но кон крајот на животот се сврте кон посериозни улоги.

Таа беше и остана олицетворение на холивудската убавина и гламур, а за многумина ја претставува најубавата жена на светот. И покрај нејзиниот гламурозен живот, Мерлин страдаше од депресија, која на крајот ја уништи. Но, постојат бројни теории на заговор кои тврдат дека познатата ѕвезда била убиена.

За тајната врска меѓу Мерлин и поранешниот американски претседател Џон Кенеди и денес се шпекулира, иако тоа не била неговата единствена афера. Во книгата „Овие неколку скапоцени денови: Последната година на Џек со Џеки“, на писателот Кристофер Андерсен, се наведува дека првата дама знаела за сите афери на нејзиниот сопруг, за љубовниците по име, што навистина ја вознемирило, но била подготвена да замижува сѐ додека нејзиниот сопруг јавно не се посрамоти.

Наводно, аферата со познатата Мерилинка, наводно, најмногу ја вознемирила бидејќи во тоа време убавата русокоса била вистинска дива, па постоела голема опасност прељубата да стане голем скандал, со што ќе го уништи угледот на Кенеди, но и нејзиниот брак.

Она што е познато е дека била пронајдена во нејзиниот дом, кој го купила шест месеци пред смртта, со телефон во раката и шише со апчиња за спиење на работ од креветот. Таа беше погребана на 8 август 1962 година на гробиштата во Меморијалниот парк во Вествуд Вилиџ.

Последната личност со која разговараше Монро беше Питер Лофорд, актер и сопруг на Пет Лофорд, попознати како сестрите на Роберт и Џон Ф. Семејството Лофорд биле блиски пријатели на славната актерка, а во последниот телефонски разговор Мерлин му рекла на Питер: „Кажи ѝ збогум на Пет.“

Во своето детство, Мерлин немала можност да добие формално образование, поради што подоцна во животот станала голем вљубеник во книгите. Во некои интервјуа, легендарната русокоса ги издвоила авторите како Хемингвеј, Флобер, Ками и Фројд како нејзини омилени.

„Најголемиот мит е дека била глупава. Вториот е дека била кревка. Третиот е дека не можела да глуми. Беше далеку од глупава иако не беше формално образована и беше многу чувствителна за тоа. Но, таа беше навистина многу паметна - и многу силна Таа едноставно мораше да биде и двете за да го победи системот што владееше со холивудските студија во 1950-тите.

Таа беше многу смешна. Глупавата плавуша беше многу повеќе - таа беше актерка, добога! Толку добра актерка што денес никој не верува дека била нешто друго освен она што го портретирала на екранот“, напишала за неа биографката Сара Червел.

Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили, со дејство и од земја и од воздух. 

Огнот е опкружен и догорува само во контролирани површини, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.

Со локализирање на пожарот се прегрупираат силите за негово догасување. Дел од луѓето на терен ќе дежураат до рано наутро кога е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија да ја проценат ситацијата на локализираниот пожар, по што ќе се одлучи како ќе се дејствува за негово догасување, велат од ЦУК.

За гасење на пожарот во текот на денот беа ангажирани еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со пожарникари и вработени во шумските стопанства и комунални претпријатија од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, а помогна и дел од локалното население.

Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати.

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од дрѓавата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.

„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката Лукаревска истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.

„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници.“ порача Лукаревска.


Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

Во изминатиот период, по наше барање како граѓани, се реализираа значајни проекти, кои се од голема важност за жителите на Општина Тетово, порача носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата за општина Тетово, Глигорије Стојановски.

„Нашата заложба за модерно, европско Тетово, нема да престане. Со проектите кои се предвидени во нашата изборна програма на СДСМ и коалицијата ,,Најдоброто за Тетово" ќе покажеме како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

Ви гарантирам, Ве уверувам дека ќе вложуваме во урбанизмот и руралниот развој, со решавање на градската и приградската мрежа; во комуналната област, преку реконструкција на уличната водоводна мрежа; во заштитата на животната средина преку мониторинг и евидентирање на локалитетите, кои го загадуваат воздухот и се опасност по здравјето на луѓето;, преку локалниот развој на малите и средни претпријатија;, додека пак во образованието, ќе ги подобриме севкупните услови во училиштата.

Ќе се заложиме за подобри здравствени услуги, ќе вложуваме во спортот и културата.

За квалитетен живот на сите граѓани, ќе ја дадеме нашата поддршка на иницијативата ,,Тетово сака парк", а позади Спортскиот центар, ќе се изгради нов Спортски комплекс, кој ќе биде со мини терен за мал фудбал, кошарка и терен за тенис, урбана опрема за забава на најмладите и детска патека за ролери и велосипеди, бесплатно достапен за сите!

Во с. Сараќино и с. Фалише ќе бидат ставени во функција спортските игралишта. Што се однесува до културните настани, како личност која доаѓа од културната сфера, ветувам дека ќе се заложиме за континуирано финансирање на културните настани и манифестации, кои се неопходен дел од културниот живот во Тетово.“ порача Стојановски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата.


притисни ентер