„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
1„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
ЖивотПред 120 години, Ајнштајн ја претставил Теоријата на релативитетотНа 30 јуни 1905 година, германско-американскиот научник Алберт Ајнштајн формулирал два научни постулати од својата импозантна научна кариера. Пред 120 години, тој имал 26 години.Според „Икс“-страницата на Нобеловите награди, првиот и далеку попознат постулат е Теоријата на релативитетот, којашто ги опишува просторот и времето во однос на движењето и го заменила концептот на Исак Њутн за времето и просторот. Оваа теорија се нарекува и „Специјална“ бидејќи изразува посебен, конкретен случај, каде што уделот и ефектите на забрзувањето и гравитацијата не може да се игнорираат. Околу 10 години подоцна, Ајнштајн ја објавил и Теоријата на општата релативност, којашто ја вклучува и гравитацијата. Специјалната релативност е точна кога ефектите на гравитацијата се занемарливи или слаби, а во спротивно мора да се замени со општата релативност. Со Специјалната теорија на релативноста, Ајнштајн бил првиот што ги отфрлил апсолутниот простор и апсолутното време, односно утврдил дека и просторот и времето се релативни и дека како такви се физичка реалност. Затоа, постулатот на релативноста подразбира дека ако двајца набљудувачи се движат со константна брзина во однос на друг, секој закон на физиката ќе дејствува подеднакво врз двајцата набљудувачи. Не постои експеримент што може да утврди дали набљудувачот се движи или е во мирување. Теоријата за постојаноста на брзината на светлината во вакуум е вториот постулат. Тој подразбира дека таа брзина е константна, непроменлива и независна од брзината на изворот на светлина или набљудувачот. Ова значи дека брзината на светлината секогаш ќе биде иста без разлика колку брзо некој или нешто се движи кон изворот на светлина. Брзината на светлината во вакуум е 300.000 километри во секунда. Ајнштајн ја доби Нобеловата награда за физика во 1921 година. Но, тој не го доби ова признание за неговата теорија на релативност, по којашто е можеби најпознат, туку за неговото објаснување на фотоелектричниот ефект. Тагови: алберт ајнштајн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16