3Дмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу Даби
ЗабаваПразнична атмосфера во божиќните паркови во АтинаПоголемиот дел од празничните паркови нудат бесплатен влез и низа бесплатни активности, но има и такви во кои се плаќа билет од околу десет евра.Дрвени куќарки, активности за децата, вртелешки, лизгалишта или со еден збор празнична атмосфера, нудат божиќните тематски паркови во Атина, кои од година во година стануваат сè побројни и сè попопуларни, а сите имаат една цел: да ја збогатат празничната магија, да им понудат забава на најмладите, но и на повозрасните, јави дописничката на МИА од Атина. Речиси секоја општина во рамките на празничните активност, на централните плоштади постави и тематски паркови што наликуваат на мали божиќни маркети, но сепак највпечатливите и најпопуларни се оние поголемите, што секоја година работат од крајот на ноември или почетокот на декември до првата седмица од јануари. Поголемиот дел од празничните паркови нудат бесплатен влез и низа бесплатни активности, но има и такви во кои се плаќа билет од околу десет евра. Магичните светла во најголемото божиќно село во Атина Големиот јавен парк Педион ту Ареос (Полето на богот на војната Арес) во централна Атина, втора година по ред во организација на периферијата Атика, е претворен во божиќно село со светлосни инсталации, музичка програма и активности за деца и семејства. Станува збор за најголемиот божиќен парк, со бесплатен влез, спонзориран од приватна компанија за електрична енергија, а на посетителите им нуди низа активноси, лизгалиште, вртелешка, магични светла, академија за храна за најмладите, но и секојдневни забави со диџеи. За популарноста на паркот говори и фактот што во одредени денови, во вечерните часови движењето на просторот е особено тешко поради огромниот број посетители, а меѓу нив и Грци, но и туристи. Во божиќното село има активности за најмладите, но и 40 дрвени куќички од кои може да се купат, слатки, храна, празнични сувенири, пијалаци и сл. Највпечатлив (и најпосетен) е „Protergia Magic Lights“, делот со магични светла, односно патека на која се испреплетуваат светла во различни бои, креација на познатиот грчки дизајнер на осветлување Јоргос Телос. Со менување на боите, видот и насоката на сијаличките се создава спектакуларно шоу со светлосни и ефекти. Паралелно, во божиќниот парк секојдневно има и музичка програма со концерти на грчки пејачи и забави со диџеи. Влезот е слободен, а паркот е отворен секој ден, преку недела во попладневните часови, а за време на викендите во текот на целиот ден. Божиќен маркет на општина Атина Општина Атина оваа година за прв пат отвори божиќен маркет на плоштадот Коѕија пред општинската зграда, каде што се поставени десетици накитени и осветлени дрвени куќарки. Како и во сите божиќни паркови и божиќни маркети, така и во општинскиот, посетителите можат да уживаат во вкусни јадења, топли напитоци и да купат празнични подароци за најблиските. За најмладите, постои вртелешка што е бесплатна, но и специјално уреден простор за деца (Kids Corner), каде што секојдневно се организираат креативни активности за децата. Божиќниот маркет беше отворен минатиот викенд, ќе работи до 6 јануари, а влезот е бесплатен. Во рамките на активностите организирани од општина Атина, токму кај божиќниот маркет, во петокот вечерта, како што објави МИА се одржа и манифестацијата „Ноќ на желбите“, кога илјадници хартиени фенери го исполнија атинското небо, создавајќи магична атмосфера. Во грчката метропола постојат уште низа други помали и поголеми божиќни паркови и божиќни маркети. Еден од постарите е во поранешниот индустриски простор Технополис на општина Атина, под името „Christmas Factory“, каде што влезницата е десет евра по лице, а постојат и пакети за семејства, но и пакет влезница заедно со билети за лунапаркот што е во рамите на божиќното село. Цените се слични и во „Santa Claus Kingdom“ сместен во мултифункционалниот изложбен центар во источниот дел на областа Атика, на околу 16 километри од центарот на Атина. Културниот центар на Фондацијата „Ставрос Ниархос“ и оваа година се трансформира во волшебна божиќна дестинација каде светлина, уметност и радост се спојуваат за да создадат уникатно искуство. Најмладите може да уживаат на лизгалиштето поставено на каналот со вода пред самиот објект, заедно со родителите можат да учествуваат во работилници, да купат рачно изработени подароци, да уживаат во храната и секојдневната музичка програма. Кафулето - слаткарница во центарот на Атина со бајковита декорација За да се комплетира празничната магија во центарот на Атина, неизбежна е посета и на кафулето – слаткарница „Литл Кук“, местото што веројатно важи за едно од најпопуларните и најфотографираните дестинации во грчката престолнина, не само за Божиќ и Нова година, туку и во текот на целата година, поради импресивната тематска декорација, што се менува во зависност од периодот. Импресивна е не само внатрешноста, туку и целиот надворешен дел на кафулето, што секојдневно го посетуваат стотици граѓани, пред сè туристи, кои се восхитуваат на новогодишните светилки, украси и целата празнична декорација. Иако директно неповрзано со божиќните паркови и божиќните маркети, сепак индиректно и „Литл Кук“ ја збогатува празничната атмосфера во грчката престолнина. Кафулето се наоѓа во центарот на Атина, во населбата Псири, во непосредна близина на плоштадот Монастираки, на десетина минути пеш од плоштадот Синтагма. Организирани дочеци на Нова година на плоштади во Атина и Солун Плоштадот Синтагма веќе еден месец е во новогодишно руво со 19-метарската елка, украсена со црвени и златни новогодишни топки, впечатливи украси од осветлен плексиглас во различни форми, како и 3.000 метри светлечки ленти. Во новогодишно руво уште од почетокот на месецов се и сите други грчки градови и подготвуваат специјална програма за дочек на Новата година. Од општина Атина, на организираниот дочек на плоштадот Синтагма и оваа година најавуваат забава што ќе започне со мелодиите на општинскиот филхармониски оркестар, а ќе продолжи со концерт на познати грчки пејачи, а токму на полноќ, по втор пат ќе се користи бесшумен огномет, но и стотици дронови со спектакуларно шоу. Во Атина, организиран дочек ќе има и во божиќното село на Периферијата Атика со концерт на позната грчка пејачка Елени Фуреира, додека пак концерти за дочек на 2026 година ќе има и во Културниот центар на Фондацијата „Ставрос Ниархос“, каде што веднаш по полноќ ќе се одржи и традиционалниот 2026 FIRST RUN, првата трка во годината. Во Солун, оваа година за дочек на Новата година закажана е забава на отворено кај Белата кула со учество на познати диџеи од светски ранг, проследено со ласерско шоу.Тагови: Атина божиќни паркови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром продолжува со ослободување на јавните паркинзи од хаварисани и отпадни возилаОпштина Аеродром продолжува со конкретни активности за ослободување на јавните паркинзи и воспоставување комунален ред. По претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, општинскиот Инспекторат активно ги отстранува хаварисаните, отпадните и нерегистрираните возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-служба и се транспортираат на општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места и простор за граѓаните. Активностите опфаќаат и возила нерегистрирани повеќе од три години, како и камп-приколки и чамци оставени на јавни паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно со законските прописи. Општина Аеродром ги повикува сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период зафаќаат јавен простор. Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром. Општината продолжува со доследни контроли и спроведување на мерките на целата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветДмитриев го обвини Зеленски дека е против Трамп и мирот: Остра порака од Москва во пресрет на новите преговори во Абу ДабиРускиот функционер Кирил Дмитриев го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека им се спротивставува на мировните иницијативи на Доналд Трамп.Украинскиот претседател Володимир Зеленски отсекогаш бил против мировниот договор и против американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски држави и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ). Зеленски отсекогаш бил против Трамп и против светот, и така и постапувал, напиша Дмитријев на социјалната мрежа „Икс“ (X), пренесува агенцијата „Тачно“. Тој, исто така, изрази уверување дека мировните иницијативи на американскиот претседател ќе бидат успешни, и покрај отпорот од страна на Киев. Вака Дмитриев го прокоментира објавувањето на интервјуто на Зеленски за Си-Ен-Ен (CNN), во кое тој наводно зборувал за опасноста од идејата на пратеникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, Русија да се вклучи во дискусиите за идната европска безбедносна архитектура, пренесува „РИА Новости“. Кушнер, по консултациите во Брисел, претходно најави дека Соединетите Држави имаат намера да ја вклучат Русија во преговорите за формирање нова безбедносна архитектура во Европа, како дел од решавањето на украинскиот конфликт. Следната рунда трилатерални преговори меѓу Русија, Соединетите Држави и Украина е закажана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Пратеникот на американскиот претседател, Стив Виткоф, изјави дека страните имаат намера да разговараат за безбедносни гаранции, деескалација, хуманитарни прашања и понатамошни чекори кон мирно решение. Кремљ го потврди учеството на руската делегација во преговорите, која ќе биде предводена од помошникот на претседателот, Владимир Медински.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter