Правнуката на царот на Австроунгарија се мажи за возач на Формула (ВИДЕО) - Канал 5

Правнуката на царот на Австроунгарија се мажи за возач на Формула (ВИДЕО)

Елеонора, правнуката на последниот австроунгарски цар , се мажи за возач на Формула.

Правнуката на царот на Австроунгарија се мажи за возач на Формула (ВИДЕО)

Елеонора вон Хабсбург наскоро ќе се венча со Жером дАмбрози(33) , возач на Формула Е. 25 годишната Елеонора ја носи титулата на надвојвотка на Австрија и принцеза на кралството Унгарија.

Таа е родена во Салцбург , Австрија, а нејзиниот прадедо е Австроунгарскиот цар , Карл I. Тој бил поселдниот владетел на оваа монархија , со која владеел само две години.

Some vitamin 🌊 with the 🦍

A post shared by Eleonore (@eleonorehabsburg) on

По завршувањето на училиштето во Гштат, Швајцарија , Елеонора студира право на Европската бизнис школа во Лондон. Таа има и манекенско искуство , кога лани на модната ревија во Милано ги носела коделите на Долче и Габана.

Monte-Carlo Gala for the global Ocean 🌊 @fondationprincealbert2

A post shared by Eleonore (@eleonorehabsburg) on

Нејзиниот свршеник Жером дАмброзио е Белгиец , кој живее во Монако и е амбасадор на брендот Хуго Бос. Двајцата се во врска од 2017 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се продава остров со тврдина од времето на Наполеон- некогаш ја бранеше Венеција

Приватниот остров Креван, во северниот дел на Венеција, се нуди на продажба заедно со тврдина од времето на Наполеон, два пристаништа и околу 5.700 квадратни метри земјиште.

Се продава остров со тврдина од времето на Наполеон- некогаш ја бранеше Венеција

Островот се наоѓа на околу седум километри од Венеција, на неколку минути едрење од островите Бурано и Торчело, објави Анса.

Тврдината зафаќа површина од 215 квадратни метри.

Имотот има тревници, високи дрвја, украсни растенија и овошни дрвја, како и мал внатрешен канал и неколку патеки што водат до два пристаништа. Најзначајната градба е тврдината, која зафаќа површина од 215 квадратни метри.

Првата тврдина е изградена во 1806 година, за време на владеењето на Наполеон, како дел од систем на утврдувања за одбрана на Венеција.

Тврдината подоцна била проширена под австриска власт, а по анексијата на Венето кон Кралството Италија во 1866 година, станала сопственост на италијанската држава и останала во воена употреба до периодот по Првата светска војна.

Островот подоцна станал приватен имот, а тврдината била претворена во станбена зграда.

Цената не е јавно објавена

Реновирањето започна во 1996 година, при што се зачува оригиналната структура. Денес, има четири главни соби и две бањи, како и вода, електрична енергија, греење и климатизација.

На островот има и дополнителни соби, вклучувајќи и стражарски простор, а урбанистичките прописи дозволуваат тие да бидат поврзани со станбената зона.

Продажбата ја води компанијата за луксузни недвижности Lionard Luxury Real Estate, која објави голема галерија со фотографии од островот и тврдината.

Цената не е јавно објавена, а имотот моментално се нуди на приватниот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Данаиловски: Вирусот е тука и ќе остане како сезонска закана

Вирусот на западнонилска треска е тука и ќе остане како сезонска закана.

Д-р Данаиловски: Вирусот е тука и ќе остане како сезонска закана

Вирусот на западнонилска треска е тука и ќе остане како сезонска закана, порача во гостувањето во Вести Плус, епидемиологот, професор Драган Данаиловски...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)

Кавга меѓу две тинејџерки може да биде повод за брутална семејна тепачка што неодамна се случи во Монор, Унгарија.

Кавга на две тинејџерки доведе до масовна тепачка на нивните семејства- „летаа“ лопати и мотики (ВИДЕО)

Тинејџерките можеби се карале поради дечко, по што голем број роднини на едната од нив го нападнале семејството на другата. Неколку лица се повредени, а според некои извештаи, некои од нив завршиле во болница.

Маж од нападнатото семејство изјавил за „Блик“ дека седеле на терасата кога пристигнала втората група. Според него, на почетокот дошле само неколку луѓе, но набрзо се појавиле уште десетици други.

„Дојдоа со нивниот татко и браќа и сестри, беа четири или петмина. Додека втрчаа тука, веќе имаше околу 50 или 60. Можете да ги видите, нели? Можете да ме видите и мене како доаѓам и го заштитувам мојот свекор. Мојот зет веќе беше соборен од нешто. Се браневме, но немавме подготвено никакво оружје ниту алатки“, рекол мажот.

Тој додал дека во времето на нападот во куќата биле и жени и деца.

„Седевме, разговаравме, таму имаше жени и деца. Едвај успеавме да ја испратиме жената што трчаше внатре со мало дете“, рече тој.

Градоначалникот на Монор, Калман Дараши, исто така, разговараше со Блик за инцидентот. Според него, ваквите судири од големи размери не се вообичаени во овој град, но конфликтот меѓу две семејства сега довел до сериозен инцидент.

Се споменуваат лопати и мотики

Според сè уште неофицијални информации објавени од Фејсбук страницата „Somewhere It Happened“, која прва го објави инцидентот, наводно за време на конфликтот биле користени лопати и мотики.

Во објавата се наведува дека неколку лица се повредени, а дека некои од нив можеби морале да бидат хоспитализирани. Според тврдењата на социјалните мрежи, едно лице претрпело исклучително сериозна повреда на главата и било подложено на неколкучасовна операција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер