Правната војна не престанува- Маск со контратужба за Твитер - Канал 5

Правната војна не престанува- Маск со контратужба за Твитер

Правната битка меѓу Илон Маск и Твитер ескалира со противтужба поднесена од милијардерот против социјалната мрежа, која што требаше да ја купи за 44 милијарди долари.

Правната војна не престанува- Маск со контратужба за Твитер

Документот од 164 страници е доставен до судот, но не е јавно достапен.

Овој потег дојде само неколку часа откако Кетлин Мекормик од Окружниот суд во Делавер нареди судењето за тужбата на Твитер да започне на 17 октомври. Ова судење треба да одлучи дали Маск може воопшто да се откаже од договорот постигнат со Твитер, за купување на акции на таа социјална мрежа.

Вчера акционерот на Твитер, Луиџи Криспо, кој поседува 5.500 акции, го тужел Маск и побарал од судот да му нареди на милијардерот да го затвори купувањето, да утврди дека ги прекршил своите доверителски должности и да им плати на акционерите за штетите што им ги нанел.

Имено, Маск има доверителска должност кон акционерите на Твитер бидејќи поседува 9,6 отсто од компанијата и затоа што договорот за преземање му дава право на вето на многу одлуки.

Најбогатиот човек на планетата и извршен директор на „Тесла“ на 8 јули изјави дека се откажува од преземањето на Твитер и ја обвини компанијата за прекршување на договорот со тоа што не му давале точни податоци за бројот на лажни профили на таа платформа.

Неколку дена подоцна, следеше тужба од Твитер, кој тврди дека приказната за лажните профили го одвлекува вниманието и дека Маск треба да продолжи со аквизиција која чини 54,20 долари по акција. Вчера, инаку, една акција чинела 41,61 долари, што е највисока сума откако Маск се откажал од договорот.

Маск го обвини Твитер оваа недела дека бавно одговарале на неговите барања за обелоденување, додека Твитер го обвинува Маск дека бара огромни количини на податоци ирелевантни за главното прашање во случајот: дали Маск го прекршил договорот за преземање акции.

Твитер, инаку, објави дека неговите приходи во вториот квартал изнесувале 1,18 милијарди долари, што е за околу пет отсто помалку од претходниот квартал и еден отсто помалку од истиот период лани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР : Прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште

„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. 

МВР : Прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште

Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. Во согласност со јавниот повик, кога ќе матурираат МВР ќе им обезбеди работно место – полицаец.

За да се запишат кандидатите треба да ги исполнат условите од конкурсот и да ја поминат селекцијата која ќе биде во три фази: проверка на моторички способности; писмено тестирање (општообразовен тест) и поединечен разговор (интервју) со кандидатот. Конкурсот е отворен од 3 јули и ќе трае 15 дена, до кога заинтересираните треба да ги достават потребните документи со пријавата, која е достапна за преземање во повикот на МВР.

Општи услови кои кандидатот треба да ги исполни се:да е државјанин на Република Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен, што се потврдува со лекарско уверение издадено од лиценцирана установа.

Во посебните услови е наведено дека општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование. Во посебните услови се и успешно поминати трите фази од селекцијата.

Пријавата треба да ја поднесе родителот/старателот на кандидатот, заедно со потребните докази за исполнетост на општите услови. Како што е наведено во јавниот повик, пријавите се поднесуваат во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит-пазар или Карпош) и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово; Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја прави комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Сите три фази од селекцијата ќе се спроведат во Средното полициско училиште – Полициска академија и од секоја фаза кандидатот ќе има освоено бодови.

Врз основа на вкупниот број освоени бодови од поединечните фази на селекција, Комисијата за прием и селекција на ученици ќе направи конечна ранг–листа на примени ученици, која ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август минатата година поради недостигот од формализирано средно полициско образование.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација!

Беснее голем пожар во близина на Солун, наредена итна евакуација! на терен војската и стотици пожарникари и доброволци!

Видео-фото: Голем пожар кај Солун, наредена итна евакуација!

Голем пожар беснее во Ореокастро, во близина на Солун. Во зората започна воздушна операција – два авиона и два хеликоптера непрекинато го гаснат пожарот.

Пожарот што избувна во саботата вечерта во областа Ореокастро, во близина на Солун, сè уште не е ставен под контрола, додека повеќе од 160 пожарникари, заедно со бројни доброволци, вложуваат напори да ја заштитат индустриската зона.

Пожарот зафати фабрика за рециклирање и еден погон од текстилната индустрија, а според последните информации од теренот, состојбата во шумската област моментално е стабилна и таму повеќе нема активно ширење на пожарот.

На терен се распоредени 52 противпожарни возила, пет пешадиски екипи, како и механизацијата на Периферијата Централна Македонија и Управата за вонредни ситуации.

Во раните утрински часови беше започната воздушна операција - два авиона и два хеликоптери континуирано го гаснеа пожарот, а се очекува пристигнување на дополнителни воздушни сили. Поради сериозноста на ситуацијата, Генералштабот на грчката армија го активираше специјализираниот тим „Девкалион“ за помош при катастрофа.

Беа извршени ноќни евакуации и беше испратен апел до граѓаните во текот на ноќта преку системот за итни случаи 112. Тие добија предупредувачки пораки за опасност од пожар. Жителите на Антуполи и Филотеа беа евакуирани во безбедни зони - локални спортски сали и стадиони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мост

Драма во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мост, пожарникарите веднаш интервенираа.

Видео: Драма во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста: Огнометот предизвика пожар на Бруклинскиот мост

Избувна пожар на мостот Бруклин во Њујорк за време на огнометот по повод Денот на независноста.

Пламен и густ чад се издигаа над мостот пред пожарникарите да успеат да го изгаснат пожарот. Според достапните информации, нема повредени, пренесува АП.

Во гаснењето на пожарот учествуваа две противпожарни возила, соопшти градската противпожарна служба. Пожарникарите го изгаснаа пожарот на мостот – кој беше затворен за сообраќај за време на прославата – нешто пред 22 часот.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека ваквите пожари не се неочекувани, поради што публиката за време на огнометот се држи на безбедно растојание од местото каде што се активира пиротехниката. Прославата во Њујорк започна порано од планираното поради најавеното лошо време, што доведе до откажување и одложување на бројни настани долж источниот брег на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер