Пратеникот Стерјовски побара поголема грижа за општина Пустец

Во обраќање во албанскиот Парламент, пратеникот од единствената македонска партија, МАЕИ, Васил Стерјовски, побара од албанската Влада поголема грижа и инвестиции во Пустец.

– Не сакам да се занимавам со причините зошто последните 28 години општина Пустец, која е една од најубавите природни бисери, останува меѓу најсиромашните во земјата, но и напуштена од државата. Владата во соработка со локалната власт треба да инвестира во патната инфраструктура, водоснабдувањето, канализацијата, езерските плажи и развојот на селскиот туризам. Со развојот на општина Пустец и зголемување на бројот туристите, освен општина Пустец, бенефит ќе имаат и градот Корча, кој се наоѓа на 25 километри од Пустец. Општина Пустец нема доволно капацитети да ги смести за спиење туристите кои добар дел, ќе одат во хотелите во Корча, посочи Стерјовски.

Според него, посебен развој за општина Пустец и зголемување на бројот на туристите, ќе донесе отворањето на граничниот премин Церје, меѓу Албанија и Грција, и асфалтирањето на патот од селото Зрноско до Церје.

– Ја охрабруваме Владата на Република Албанија заедно со грчкaта Влада да го следат примерот меѓу Македонија и Грција кои се договорија за отворање на граничниот премин Маркова Нога од другата страна на Преспанското Езеро и со европски фондови ќе ја градат инфрструкурата на овој граничен премин, рече Стерјовски.

Одлични можности за развој на туризмот во општина Пустец, нагласи тој, се пријатната клима, Преспанско Езеро, националниот парк Преспа, граничниот премин Горица, можностите за риболов, пештерските цркви од 13 и 14 век, островот Мал Град заедно со пештерската црква Света Богородица од 14 век. Но, како што посочи, општина Пустец се соочува со многу предизвици во развојот и има ограничени приходи да се справи со нив.

– Општина Пустец е административна единица на округот Корча и е најмалата општина во Албанија. Се состои од девет села и население од 5.200 жители. Во оваа општина живеат Македонци, кои се соочуваат со тешкотии поради невработеноста и минималното ниво на приходи. Во рамки на општината е и националниот парк „Преспа". Општина Пустец има значителни човечки ресурси, продуктивен потенцијал и бројни средства кои овозможуваат одржлив економски развој на областа, рече Стерјовски.

Тој го посочи високо ниво на невработеност во оваа општина, каде, како што наведе, повеќето жители работат сезонски работи во Македонија и во Грција, дел се вработени во администрацијата на општината, образованието и здравството, неколкумина се занимаваат со трговија и угостителство, додека еден дел со земјоделство и риболов.

– Инфраструктурата во општина Пустец, вклучувајќи ја и патната мрежа, водоводната мрежа и канализацијата, не се многу развиени, особено ако се има предвид туристичката понуда. Патната мрежа во општина Пустец е многу уништена. Иста е ситуацијатаи со водоводот и канализацијата. Највпечатлив е проблемот со водата. Од деветте села во општина Пустец, само четири имаат водовод и тука е потребна реконструкција на водоводната мрежа, затоа што е амортизирана. Потребна е и изградба на канализациски системи. Само две села во општината, Пустец и Зрноско имаат канализациски системи,рече Стерјовски.

Тој го наведе и проблемот со електричната енергија, која,како што рече, доаѓа со прекини, но и со слаб напон во времето кога ја има, што предизвикува прегорување на многу електрични апарати во домаќинствата,како и неработење на апаратите во Здравствениот дом во Пустец. За надминување на овој акутен проблем, Стерјовски рече дека е потребна итна реконструкција на електромрежата од Билишта до општина Пустец.

Васил Стерјовски во собраниската сала седна на 16 мај и стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. /МИА

Гвардиола: Арсенал повеќе нема да губи бодови, ние ако ремизираме нема да ја освоиме титулата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим треба да победи на сите преостанати натпревари доколку сака да ја освои шампионската титула во Англиското фудбалско првенство.

- Мислам дека Арсенал повеќе нема да губи бодови. Ова е слично на ситуацијата со Ливерпул во минатото. Нас ни остануваат уште четири натпревари, пат тежок како да се искачиме на висока планина. Ако негде ремизираме, нема да го освоиме шампионатот, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е втор на табелата во Премиер лигата со 79 бодови од 34 натпревари. Лидер е Арсенал со 80 бода по 35 кола.

До крајот на првенството, Арсенал ќе игра дома со Борнмут и со Евертон, а ќе му гостува на Манчестер јунајтед.

Сити ќе го пречека тимот на Вулвс и на Вест Хем, а ќе гостува кај Фулам и на Тотенхем. /МИА

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

притисни ентер