Пратеник од партијата на Ципрас се обрати на Македонски во парламентот во Атина

Тензично пред Собранието во Атина, уште потензично внатре.

Атмосферата на расправата за гласање недоверба на владата на Ципрас зовре, откако пратеникот на Златна зора Константинос Барбарусис од говорницата ја повика војската да ги уапси грчките лидери за предавство на националните интереси и повика на нивна јавна ликвицација, токму во Преспа.

- Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа! Вашите глави во Преспа! , повика од говорницата Константинос Барбарусис, пратеник на Златна Зора.

- Денеска во грчкиот парламент паднаа маските. Политичката сила Златна зора повика на пуч врз политичкиот систем, во согласност од мнозинството на пратеничката група на Златна зора. Барам Златна Зора повеќе да не добие право на обраќање, зашто од грчкиот парламент, треба да испратиме порака на обединетост и осуда на фашизмот, изјави Никос Вуцис, претседател на Собранието на Грција

Пратениците на неонацистичката партија експресно беа отстранети од седницата, а подоцна стигна и изненадувачка информација дека Барбурусис во меѓувреме, бил избришан и од самата Златна Зора, како санкција за повикот за пуч. Чудата во грчкото собрание немаа крај, особено откако пратеникот од партијата на Ципрас, Јоргос Урзудис, кој потекнува од Северниот дел на Грција, се обрати на македонски.

Пред Собранието од утрината почна, како што го најавија 3-дневниот протест за одбрана на името Македонија и против постигнатиот договор. Протести се најавени и во Преспа, во исчекување на потпишувањето на спогодбата. Атмосферата се очекува да кулминира утре, кога ќе се гласа за доверба на владата и кога се најавени обраќањата на Ципрас и Мицотакис.

-Не дозволуваме Скопје да го преземе зборот Македонија во никава форма. Самото име Македонија е иредентистичко. Никој освен Грците не смеат да се нарекуваат Македонци, вели учесник на протестите

-Нема друга Македонија. Македонија е една и грчка. Нема да дозволиме да се прифати овој погубен договор, изјави учесник на протестите

Математиката вели дека Ципрас сепак лесно ќе го преживее гласањето доверба. Од 300-те пратеници во Собранието, Сириза има комотни 154 гласа поддршка, особено откако коалицискиот партнер, лидерот на Независни Грци, Каменос потврди дека нема да гласа против Ципрас, иако има жесток став против договорот со Македонија. Договорот за решение на спорот денеска повторно го пофали грчкиот министер Коѕијас, во чија реторика веќе го одомаќини името Северна Македонија. Договорот е вин-вин за двете страни. Интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ е избор на оваа држава. Ние едноставно нема да ги спречиме и ќе им помогнеме на нивниот европски пат, изјави тој за рускиот весник Известија.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер