Пратениците расправаа за укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција - Канал 5

Пратениците расправаа за укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција

Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција во прво читање и оцени дека е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Пратениците расправаа за укинување на Законот за поддршка на домашната музичка продукција
Предлагачот на Законот, министерот за култура Роберт Алаѓозовски потсети дека овој закон е донесен од Собранието на Република Македонија во 2013, а се применува од 1 јануари 2014 година. Законот треба да се применува до 31 декември 2023 година, односно за десет години од буџетот на државата би требало да се обезбедат околу пет милиони евра.

Со законот се уредуваат постапките за поддршка на домашната музичка продукција, преку финансирање конкурси за нови вокално-инструментални композиции. Носител на активностите за имплементација на законот е Македонската радио-телевизија, која преку четири конкурси годишно треба да субвенционира создавање 200 нови композиции, 150 од народната и забавната музика и 50 детски композиции.

- Ние предлагаме да се укине важењето на овој закон бидејќи досегашната имплементација во пракса не ги даде очекуваните ефекти. Повеќето од композициите воопшто не наидоа на прием, ниту беа слушнати од пошироката јавност, ниту беа промовирани, а не беа ни често изведувани на МРТВ, рече Алаѓозовски и додаде оти од тука се поставува прашањето за нивниот квалитет и за оправданоста од ваквиот начин на финансирање.
Покрај неостварувањето на целта на Законот, Алаѓозовски потсети дека на повеќе јавни дебати авторите, изведувачите и МРТВ укажувале дека неговото спроведување покажува слабости и нефункционалност на постапката за избор на композиции.

Никица Корубин од ЛДП нагласи дека државата во овој закон дефинира што е уметност, а што не.

- Ова е скандалозно законско решение поради две одредби кои се најконтроверзни-композиции со кои се афирмираат семејни вредности во општеството и многудетни семејства и композиции со кои се афирмира историјата на Република Македонија, рече Корубин.

Ова е втор закон кој се укинува на предлог на Министерството за култура, по укинувањето на титулата национален уметник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. 

Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот

Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис.

„Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“.

Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Иран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. 

Иран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските сили

Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата.

„Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Александар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. 

Вучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декември

Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат..

Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер