Пратеници на студиска посета во САД за борба против корупцијата и одговорното владеење

Парламентарни делегации од регионот, меѓу кои и пратеници од Собранието на Република Северна Македонија деновиве во Вашингтон присуствуваат на настани и обуки за борба против корупција и транспарентно владеење

Обуката е организирана од Меѓународен републикански институт (ИРИ). Делегацијата од македонското Собрание е составена од пратениците Артан Груби од ДУИ, Горан Мисоски од НСДП и Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, потпретседателот на Собранието и пратеник од НСДП Мисовски смета дека е добро што сегашната Влада, за разлика од некои други поранешни влади, не ги става под тепих корупциските скандали.

– Посебен пример е таканаречената афера „Рекет", кога самиот премиер Зоран Заев ја пријави во Антикорпуциската комисија и во Јавното обвинителство. Ние како Влада и како парламентарно мнозинстви апсолутно имаме единствен став, дека борбата против корупцијата мора да биде на највисоко ниво, рече Мисовски.

Според него, ако една власт постави високи стандарди за нула толеранција на корупцијата, секоја идна влада мора да ги следи тие стандарди. -Тоа е нешто што нашите пријатели во САД постојано ни ги укажуваат, истакна тој.

Мисовски е убеден дека Република Северна Македонија на 15 октомври ќе добие датум за отпочнување преговори, а на 4 декември на Самитот на НАТО земјата ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса. -Мислам дека нашата земја се движи во вистинскиот правец, па дали добро сме сработиле, тоа ќе го кажат граѓаните на избори идната година.

Во изјава за МИА Груби истакна дека целта на посетата е обука и конфереција за борбата против корупција и транспарентното владеење. – Овде сме да научиме од најдобрите американски практики, како федералната влада и локалните власти на САД се борат против корупцијата, затоа по Вашингтон одиме да се запознаеме со антикорупциските практики во градот Индијанаполис, изјави Груби.

Во рамките на посетата пратениците денеска имаат работна посета на американскиот Конгрес. Груби синоќа се сретна со републиканскиот сенатор Рон Џонсон, голем поддржувач и пријател на целиот регион, и со Дејвид Констеланчик, директор на канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот.

– Сенаторот Џонсон истакна дека ги поддржува нашите евроатлантски интеграции и очекува дека процесот со ратификацијата за членство на нашата земја во НАТО ќе заврши набргу, и посебно поддржува датум за нашата земја да отпочне преговори со ЕУ, изјави Груби.

Додаде дека во Стејт департментот разговарал за реформите во судството, владеењето на правото, борбата со корупцијата и интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ и поддршка да се продолжи со реформите. -Тема за разговор и на двете средби беше законот за јавно обвинителство и за реформите во правосудството, рече тој.

Пратеничка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска за МИА изјави дека парламентарната делегација учествувала на конференција на ИРИ на која имале средби и со поранешни конгресмени кои говореле за нивните искуства со борба против корупцијата и одговорното владеење.

-Она што беше истакнато е дека корупцијата е процес кој нема да застане, независно колку и какви чекори се прават, но целта е таа да се намали, со нејзино препознавање во сите сегменти во живеењето и во сите нејзини форми, кои се разни – неа ја има и во политиката и во извршната власт. А ние треба да имаме изградени капацитети за тоа да може да се сузбие, истакна Кузмановска.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно истакнаа дека случајот „Рекет" и притворот на сега веќе поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е нешто за што нема никакво оправдување. -Нашата партија излезе со јасен став – целосно расчистување на случајот, рече Кузмановска.

Тројцата пратеници синоќа беа и во Македонската мбасада во Вашингтон каде присуствуваа на отворањето на изложбата Мултикултурна група на уметници на Република Северна Македонија.

Обуката во САД на пратенички делегации од разни партии од Северна Македонија, Србија, Албанија и Романија е финансирана од американскиот Стејт департмент, а реализирана од ИРИ и од Институтит за претставничка власт, и завршува на 25 септември. /MИА

„Гответе со Дракче“ - Вапцување јајца

Во четврток (02.05.2024) во емисијата гостин ни беше Снежана Миловановска.

Состојки за денешниот рецепт:

20 бели јајца

креп хартија во разни бои

црвена боја за јајца

шарени салфети

златен фломастер

1 лажица оцет

1 лажиче сол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Авион на пат кон египетско одморалиште, принудно слета во Грција (ВИДЕО)

Авион на EasyJet бил пренасочен и принудно слетал во Ираклион, Грција, поради многу непријатно и бучно однесување на еден пар.

Поконкретно, необичен инцидент се случил на 29 април на летот EZI3165 на EasyJet од Глазгов до Хургада, Египет. Капетанот на авионот го сменил курсот кога парот влегол во жестока расправија со другите патници и членови на екипажот.

Податоците за следење на летот покажале дека авионот бил над Грција и го преминувал Средоземното Море пред конечно да слета во Ираклион.

Патниците незадоволни од чекањето навиваа и аплаудираа на екипажот кој тргна во акција и ја извлече двојката од летот.

"Беше страшно. Половина час се расправаа со другите патници пред да интервенира екипажот. Му се заканија на екипажот... На жената седум пати ѝ беше кажано преку разглас да седне, но таа продолжи да станува", рекол Мајкл Мекленан, британски турист, пренесе Дејли Меил.

Предметната двојка била уапсена од грчката полиција при слетувањето.

EasyJet Airbus A320-251N продолжил до својата прва дестинација и слетал во Хургада.

„EasyJet може да потврди дека летот EZI3165 од Глазгов до Хургада слетал во Ираклион на 29 април за да ѝ предадат брачен пар на грчката полиција за предизвикување нарушување во авионот. Летот потоа продолжил за Хургада откако патниците се симнале. Екипажот на EasyJet бил обучен да ги процени сите ситуации и да дејствува брзо и соодветно за да ја обезбедиме безбедноста на летот и другите патници, и иако таквите инциденти се ретки, ние ги сфаќаме многу сериозно и не го толерираме ваквото однесување на патниците и екипажот се секогаш главен приоритет на EasyJet“, се вели во соопштението на компанијата.

Маж прави акробации со бебе - сите се шокирани: Ти требаат часови по родителство (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео на кое маж, наводно таткото, прави „акробации“ со бебе, држејќи го за нозе и раце.

Бројни корисници на Инстаграм и Твитер жестоко ја критикуваа сцената, а лекарите предупредија на можни последици, пишува Daily Mail.

Во видеото кое трае 35 секунди, го гледаме мажот како го ниша бебето напред-назад, над главата и меѓу нозете, а луѓето истакнаа дека тоа претставува „опасност не само за неговите зглобови, туку и за мозокот“.

Видеото е придружено со порака „врска меѓу татко и дете“, но многу корисници беа вознемирени од сцената, што е јасно од нивните коментари.

Д-р Стјуарт Фишер, лекар по интерна медицина и поранешен педијатар во одделот за итни случаи, исто така реагира:

„Мислам дека е морално и легално да се направи КАТ скен или МРИ, што можеби нема да покаже микроскопски повреди на мозокот.

Експертите предупредуваат дека овој тип на игра потенцијално може да доведе до синдром на потресено бебе, бидејќи мозокот на таа возраст е исклучително подложен на повреди.

Дополнително, кревањето на бебето за раце или нозе, без поддршка за грбот, може да доведе до исчашување на зглобовите.

Останува нејасно колку е старо бебето, но се верува дека има околу една година.

„Ова е ментална болест и каква, дали е важно? Ова може да се смета за кривично дело. Тој не разбира каква скапоцена дарба има. Му треба, во најмала рака, долготрајна инструкција и советување“, заклучи др. Стјуарт Фишер.

Корисниците го критикуваа и однесувањето на човекот, со илјадници коментари на мрежите.

„Ова не може да биде легално.Кутрото дете“, „Ти требаат часови за родителство. Ова е толку ужасно“, гласеа некои од пораките.

Од друга страна, поединци тврдат дека родителите така си играле со нив без да имаат никакви (здравствени) проблеми.

Се огласи на Твитер тренерот на познатиот УФЦ борец Конор Мек Грегор. Тој го сподели видеото и коментира:

„Каква глупост. Дури и да сфатите погрешно еднаш во 1.000 пати, тоа е трауматска повреда плус потрес на мозокот. Колку луѓе ќе го повторат ова за неколку лајкови и ќе го повредат своето дете? Можеби не требаше да споделам. Не правете го ова“, напиша Џон Кафеа.

притисни ентер