Пратеничките групи на СДСМ и ВРЕДИ ги повлекоа амандманите по ребалансот на Буџетот - Канал 5

Пратеничките групи на СДСМ и ВРЕДИ ги повлекоа амандманите по ребалансот на Буџетот

Пратеничките групи на СДСМ и коалицијата ВРЕДИ на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет соопштија дека ги повлекуваат поднесените амандмани по ребалансот на Буџетот.

Пратеничките групи на СДСМ и ВРЕДИ ги повлекоа амандманите по ребалансот на Буџетот

Повлекувањето на преостанатите 142 поднесени аманди на седница го соопшти координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој најави дека ќе поднесат два нови комисиски амандмани насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

-Сметаме дека во едни вакви услови во коишто имаме од една страна сериозни пожари во државата, не може и не треба да тече нормална дебата, туку треба да се посветиме и на такви активности. Ние доставивме еден допис до претседателката на Комисијата со конкретните амандмани. Најавуваме дека ќе поднесеме два комисиски амандмани кои ќе се однесуваат - едниот на Кочани со одредена сума на пари, и вториот амандман со сума на пари за справување со пожарите, пред се човечките капацитети. На тој начин да ја привршиме целата оваа работа во однос на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, рече Спасовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски нагласи дека опозициската СДСМ со повлекувањето на амандманите бега од дебата и оти креира политика нврз човекова трагедија.

-Колку и да ми е јасно дека ете има обид за политизација, практично досега е незабележано како што кажа и и колешката Стојановска опозиција да повлече амандмани и да одбие да дебати, а да има уште седум дена за расправа. Факт е дека побегнавте. Факт е дека сега креирате политика на нешто кое што е човекова трагедија. Еве ќе ви објаснам неколку работи. Прво за Кочани. Истото што ќе го кажеш утре, јас ќе излезам и прв ќе ти објаснам дека си лицемерен и лажеш. Поднесе амандман на кој што си потпишан за 3 милиони денари за старечки дом, а обезбедени се 199 милиони, бидејќи градоначалникот сметал дека тоа е приоритет. И за секој амандман подробно ќе ти објаснам што вие го барате колку е реално и колку е сега помогнато на тие луѓе. Второ работа, еве за пожарите. Ти беше министер седум години и тогаш имаше и сега има пожари. Знаеш која е разликата? Што сите авиони сега се сервисирани и веќе функционираат и максимално траење на пожар е 12 часа. Се сеќаваш како Маричиќ и Заев седеа на плажа додека народот не се буни да се вратат тука и да ги гаснат пожарите. Е тоа сега го нема, рече Стојановски.

Стојановски нагласи дека со овој ребаланс се покачуваат плати, пензии, се финансираат проекти, се градат автопати, факултети, училишта, болници, се модернизира полицијата, се модернизира армијата...

-Еве ќе ти кажам три работи зошто избегавте од дебата. Прво, заради тоа што немате аргументи. Ние не избегавме, 12 месеци сме власт. Амандман по амандман трпеливо ве газевме со аргументи. Начинот на кој луѓето излегуваа и ги кажуваа тука амандманите, доволно беше да не ве слушаат луѓето што зборувате, само да ве гледаа еден по еден кој ги поднесува тие амандмани и да види во изминатите 7 седум години што тие луѓе кои што сега бараат амандмани придонесоа за тоа да се решени. Втора работа зошто избегавте – покрај недостатокот на аргументи, се дека граѓаните сфаќаат дека проблемот во амандманите се директна ваша вина. Седум години ништо не направивте за решавање на тие амандмани, а тука имаме претседател на Собранието, премиер, министри во претходната влада и нула, ништо не направено и затоа избегавте. И Третата работа која е особено важна – ајде да ги фатиме амандман по амандман, ние за тоа сме тука. Најголем дел од амандманите веќе се во завршна фаза за решавање. Затоа побегнавте вие. И сега ќе зборуваме за Кочани и за пожари. Во ред, ќе зборуваме за што сакате. Не е никаков проблем, ние не побегнавме, рече пратеникот Стојановски.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи истакна дека со повлекувањето на амандманите нудат можност за справување на државата со пожарите.

-Не знам дали ова што се обидувате да го направите со процедуралното е знак дека ви се плаче затоа што ќе се справите со два комисиски амандмани коишто болат, а вие бегате, а тоа е Кочани и пожарот во Кочани. И второ, нудиме можност конечно да имате пари да се справите со пожарите, бидејќи луѓето не вредат за вас. Ние ви викаме еве ви можност комисиски амандмани. Повлекуваме амандмани од 10 милијарди денари за да ви понудиме два комисиски амандмани за да помогнете таму каде што вие секако ниту емпатија ниту солидарност знаете да покажете кон луѓето, рече тој.

Битиќи потенцира дека нивно деловничко и морално право е да повлечат амандмани кога, како што рече, гледаме дека државата е во сериозен проблем.

-Горат стопанства, куќи, гинат луѓе. Некој треба да им излезе во пресрет. Да не се случи за една недела ДЗС и ЦУК да кажат дека нема немаме средства за да помогнеме. Ние ви викаме еве ви комисиски амандман за да има доволно средства. Ако останат, во ноември ќе направиме пренамена и ќе ги однесеме. Не сакаме амандмани за улички и да мачкаме очи на луѓето со асфалт. Сакаме вистински да покажеме дека знаеме да се грижиме за тие на коишто повеќе им е потребна, рече Битиќи.

Со ребалансот се врши реалокација на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.

Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

Седница на Комисијата за финансирање и буџет со амандманската расправа по ребалансот на Буџетот продолжува утре во 12:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер