Пратенички прашања во Собранието–во фокусот истрагата за Кочани и царините од САД - Канал 5

Пратенички прашања во Собранието–во фокусот истрагата за Кочани и царините од САД

Зошто се уште нема оставки од високи функционери и дали преку селективна истрага се штитат директните виновници за трагедијата во Кочани

Пратенички прашања во Собранието–во фокусот истрагата за Кочани и царините од САД

Зошто се уште нема оставки од високи функционери и дали преку селективна истрага се штитат директните виновници за трагедијата во Кочани- и на денешната седница за пратенички прашања опозициската СДСМ бара одговори од власта за причините за несреќата и развојот по неа.

Премиерот Мицкоски го повтори неговиот став- дека истрагата ја води обвинителството, но потенцира дека споредбено со претходните големи трагедии, за пожарот во Кочани има притворени актуелни функционери.

Од опозициската ДУИ пак побараа објаснување зошто и покрај ветувањата од Владата, се уште немало замена за укинатата алатка балансер. Законот за правична застапеност е готов, но треба да се усогласи со уставот за да не падне на Уставен суд, одговори премиерот.

Се отвори дебата и зошто доцнат платите на културните работници, за што од финансии и од култура уверуваат дека исплатата која започнала вчера ќе заврши денеска.

На седницата за пратенички прашања до премиерот беше упатено и прашање како Владата ќе се справи со високите царински тарифи од САД, за што тој рече дека не се 33 отсто, туку 10, а уверува и дека Македонија ќе биде меѓу ретките држави со најниски тарифи. За оваа тема тој деновиве имал редовна комуникација со американскиот министер Лутник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер