Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го честита празникот Велигден

Христовото воскресение е ден кога се празнува радоста која може да се види и почувствува кај секој од нас.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија" на поглаварот на Македонската правславна црква Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на сите православни христијански верници во Македонија, им го честита големиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден.

Христовото воскресение е ден кога се празнува радоста која може да се види и почувствува кај секој од нас. Денес е денот кога се разгласува радосната вест за Христовото воскресение, со која кај секој верник повторно се раѓа надежта за подобро утре и подобра иднина.

Празнувајќи го овој ден, ја шириме Христовата порака за толеранција, соживот, човечност и взаемното почитување и разбирање, што всушност се вредности кои секој верник мора да ги поседува и негува за доброто на сите нас и на нашата татковина Македонија. Само на тој начин, со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да истраеме во борбата со сите предизвици кои ни се испречени на патот во создавање на подобро утре за секој од нас.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на сите православни верници кои што го прославуваат Христовото воскресение – Велигден им посакуваме убави празнични мигови поминати со своето семејство и своите најблиски, исполнети со здравје, мир и спокој, радост и бериќет.

Христос воскресе!

Навистина воскресе!

Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер