ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
СветПознато е зошто нема струја во Шпанија и Португалија- може да трае една недела Прекинот на електричната енергија што ја погоди Португалија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“, објави португалската REN.REN е водечка енергетска компанија во Португалија, одговорна за управување и развој на клучните енергетски мрежи во земјата - националната мрежа за пренос на електрична енергија и националната мрежа за пренос на природен гас, пренесе Блиц. Португалците ја објавија причината за масовното затемнување РЕН вели дека екстремните температурни варијации во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ во многу високонапонските водови. Тие велат дека ова е познато како „индуцирана атмосферска варијација“, што пак довело до осцилации што предизвикале дефекти меѓу системите. Ова доведе до последователни прекини во меѓусебно поврзаната европска мрежа, додадоа тие. Прекинот може да трае и до една недела Тие исто така наведуваат дека, со оглед на сложеноста на проблемот, може да потрае и до една недела мрежата целосно да се врати во нормала.Тагови: Португалија Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаОпштина Битола: Чествување за војводата Александар ТурунџевБитола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола. Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата.Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата. Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар. Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции. Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците. Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи. Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината. Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги. Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата. Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните. Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook