СветСообраќајот во хаос, колапс на аеродромите - нема струја во Шпанија и Португалија (ВИДЕО)Масовниот прекин на електричната енергија во Шпанија, Португалија и делови од Франција доведе до колапс на сообраќајот.Прекинот на електричната енергија предизвика хаос на аеродромот во Лисабон. Илјадници патници во Португалија останаа збунети по прекинот на електричната енергија. Снимките што кружат на интернет покажуваат голем број луѓе заробени на аеродромите, каде што се создава метеж поради дефекти на системот. 🚨BREAKING: POWER OUTAGE HITS SPAIN AND PARTS OF FRANCE🚨 🇪🇸⚡🇫🇷 On April 28, 2025, a brief but widespread blackout disrupted internet and 5G services across Spain and parts of France. Services are now restored ✅.#BreakingNews #Spain #France #Blackout #CyberSecurity… pic.twitter.com/K6mAmC4Iw2 — X-Trending (@viralposts2323) April 28, 2025 Прекинот на електричната енергија го наруши железничкиот сообраќај, а многу семафори се исто така нефункционални. Патници се заглавени во метрото во Мадрид и Барселона, Севиља и Валенсија. Приоритет на владата е безбедно да ги изнесе луѓето заглавени во сообраќајот. ⚡ MASSIVE BLACKOUT IN EUROPE Residents in Spain, Portugal, France, and Belgium report major outages. Airports and subways shut down, communication networks hit. Madrid's Barajas Airport is out of service, El Mundo reports. No official cause confirmed yet. Chaos unfolds. pic.twitter.com/vZyJOjhEwj — NEXTA (@nexta_tv) April 28, 2025 Сè уште нема официјална информација за тоа како дошло до прекинот на електричната енергија. Ниту една опција не е исклучена, дури ни сајбер напад. Шпанската и португалската влада го истражуваат прекинот на електричната енергија, а во истрагата се вклучени неколку тимови. Компанијата „Ред Електрика“, која е одговорна за снабдување со електрична енергија во Шпанија, вели дека струјата полека се обновува во северните делови. This is what a power outage in Europe looks like: subways and airports are down, and the streets are in chaos. According to the latest information, the power outage affected not only Spain and Portugal, but also parts of France, the Netherlands, and Belgium. What exactly… pic.twitter.com/DXrwlb5i26 — Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) April 28, 2025 Националниот институт за сајбер безбедност во Шанија, исто така, спроведува истрага, но сè уште не донеле заклучок.Тагови: Португалија Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter