Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година
Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"
1Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година
2Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"
3Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
ТехнологијаПознато е што може да се очекува од „iPhone SE 3“„Apple“ ќе го одржи својот „Peek Performance Event“ на 8 март, а за време на настанот се очекува компанијата да претстави нов телефон „iPhone SE 3“ со поддршка за „5G“.Според аналитичарот Минг-Чи Ку, „iPhone SE 3“ речиси сигурно ќе го има најновиот „A15 Bionic чипсет и „5G“ конекција со „mmWave“, како и три опции за складирање и три опции за боја. Моделот на телефон од втората генерација имаше поддршка за „4G“, а како што „5G“ се повеќе се прифаќа, најавата за телефон со поддршка за мрежата од најновата генерација има смисла. Секако, ќе има компатибилност и со „4G“мрежите. Кога станува збор за просторот за складирање, се верува дека „iPhone SE 3“ ќе биде достапен во капацитети од 64GB, 128GB и 256GB. Претходниот модел немаше опција од 256 GB, па корисниците ќе имаат повеќе простор за складирање на нивните фотографии, видеа и други содржини. Надградба добива и чипсетот, па се очекува „A15 Bionic“ кој моментално се наоѓа во актуелната серија на телефони „iPhone 13“. Ова, без сомнение, ќе го направи компактниот и попристапен телефон на „Apple“ побрз. Кога станува збор за дизајнот, тој е препознатлив, а „iPhone SE 3“ се очекува во црвена, црна и бела боја. Куо истакнува дека телефонот ќе има сличен дизајн формат како актуелниот „iPhone SE“, пренесе „HOTHARDWARE“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 годинаНа 8 јули 2026 година, со почеток во 9:30часот, Уставниот суд ќе ја одржи 18. седница за 2026 година. Поради поголем интерес на новинарите, Судот информира дека на Дневен ред е предвидено да се дискутира по иницијатива на политичките партии „Левица" и „Демократи", во кои се оспорени одредби од Изборниот законик. Одредбите се однесуваат на платеното политичко рекламирање. 6. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025 Оспорени акти: членовите 75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи” Од наводите во иницијативата: (144/2025)Политичка партија “Левица” Подносителот наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за платено политичко рекламирање. Во иницијативата се тврди дека Изборниот законик треба да обезбеди уставна рамнотежа преку еднаков третман на сите политички субјекти, преку еднаков пристап, бидејќи медиумскиот простор директно влијае на видливоста на учесниците во изборната кампања. Подносителот смета дека толкувањето на Изборниот законик предвидува сите регистрирани партии кои се јавуваат како учесници во изборниот процес, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни да добијат соодветна и пропорционална државна поддршка и медиумски простор за претставување на граѓаните. Притоа, нагласува дека термините „може” и „најмногу” не смеат да се толкуваат буквално рестриктивно туку во согласност со целта на законот. Подносителот тврди дека во практиката произволно се толкува и двете најголеми партии од позиција и опозиција добиваат најмногу време, на штета на останатите помали партии. На овој начин, четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите парламентарни партии се потполно исклучени, се наведува во иницијативата. (145/2025)Политичка партија „Демократи” Подносителот тврди дека оспорените членови се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 5, член 9, член 16 ставови 1-5 и член 51 од Уставот. Се наведува дека помалите политички партии се ставени во нерамноправна положба, бидејќи се обезбедува 80% од бесплатниот рекламен простор само на четири политички партии, а на останатите само 20% од вкупниот број рекламни паноа и билборди. Во иницијативата се наведува дека оспорените одредби го нарушуваат политичкиот плурализам и слободните демократски избори како темелни вредности на Уставот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите заинтересирани да се пријават. Со овој проект обезбедуваме директна поддршка, социјализација и помош за нашите пензионери. Им го олеснуваме секојдневието на повозрасните и им овозможуваме достоинствена и соодветна нега во нивните домови“, рече Герасимовски. За време на посетата, градоначалникот разговараше со 76-годишната корисничка на сервисот и со негувателката Бранка Милковска, кои посочија дека услугата, покрај грижата и поддршката, создава и блиски односи и искрени пријателства. Проектот обезбедува домашна посета на негуватели трипати неделно, во траење од по два часа, помош во секојдневните активности, одржување на личната хигиена, давање терапија, подготовка на оброци, набавка на прехранбени производи и лекови, како и разговор и дружење. За корисниците на кои им е потребна физикална терапија, обезбедени се посети од физиотерапевт двапати неделно, во траење од по еден час. Проектот „Сервис за стари лица“ се реализира во соработка со здружението „Хуманост“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРодри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“ Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенствоКапитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство, признавајќи дека не се однесувал спортски на крајот од натпреварот. Непријатната ситуација меѓу поранешните соиграчи од Манчестер Сити се случи веднаш откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија. Бернардо Силва набрзо потоа пропушти одлична шанса за израмнување, а Родри многу гласно и „диво“ го прослави неговото промашување, предизвикувајќи видлива реакција од португалскиот играч од средниот ред. Иако тензиите стивнаа веднаш по натпреварот, Родри во разговор со новинарите нагласи дека мисли дека направил грешка. „Како прво, сакам да се извинам затоа што не се однесував коректно кон мојот колега. Инстинктивно ја прославив неговата грешка, што беше погрешна од моја страна. Тој ми прости и му се извинувам уште еднаш“, рече Родри. Иако беше прогласен за најдобар фудбалер на еврпското дерби, шпанскиот капитен изјави дека признанието не требало да му припадне нему. „Кога ќе влезете од клупата и ќе го постигнете одлучувачкиот гол на таков начин, тогаш вие сте играч на натпреварот. Јас би му ја доделил наградата на Мерино. Залагањето на целиот тим беше за паметење“, заклучи Родри, оддавајќи признание на стрелецот на победничкиот гол што ја одведе Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07