ФудбалПознато е колку ќе заработи победникот на Еврото во Германија, помалку отколку на минатото ЕПЕвропското првенство во Германија започнува во петок, а ќе го отворат домаќинот Германија и репрезентацијата на Шкотска.Натпреварот во Минхен на Алијанц Арената започнува во 21 часот. УЕФА обезбеди награден фонд за репрезентациите за еврото во вкупен износ од 331 милион евра. Секоја репрезентација ќе заработи по 9,25 милиони евра само за настап на ЕП. За секоја победа во групната фаза од натпреварувањето репрезентацијата ќе заработува дополнителни милион евра, а ремито вреди 500.000 евра. Доколку репрезентацијата испадне во осминафиналето, ќе добие награда од уште 1,5 милиони евра. Елиминацијата во четврт-финалето е вредна 2,5 милиони евра, а влезот во најдобрите четири репрезентации ќе биде награден со четири милиони евра. На финалистот на натпреварувањето му е загарантиран дополнителен бонус од пет милиони евра, а новиот европски првак ќе заработи дополнителни осум милиони евра. Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион со сите три победи во групата е 28,25 милиони евра. Во однос на последното евро, УЕФА го намалила наградниот фонд. И тогаш секоја репрезентација добиваше по 9,25 милиони евра за учество, но победа во групата вредеше 1,5 милиони евра, а реми 750.000 евра. Влезот во осминафиналето вредеше 500.000 евра повеќе од еврото во Германија, а влезот во четвртфиналето вредеше 725.000 евра. На последното евро полуфиналистите добија бонус од пет милиони евра (сега е четири милиони). Финалистот на последното евро заработи бонус од седум милиони евра, што е два милиони евра повеќе од сега, а Италија доби 10 милиони евра како бонус за победа во финалето, односно два милиони повеќе од победникот на претстојното Евро. Теоретски, на последното Евро победникот со сите три победи во групата можеше да заработи 34 милиони евра, односно 5,75 милиони евра повеќе од идниот освојувач на шампионатот во Германија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter