3САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
1Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ЖивотПознати се првите титули, доделени по повод роденденот на кралот Чарлс Меѓу луѓето кои ги почести британскиот крал Чарлс на неговиот прв официјален роденден како монарх се главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, поранешната фудбалска ѕвезда Иан Рајт и писателот Ијан Мекјуан, објави вчера Бакингемската палата.Почестите традиционално се најавуваат по повод официјалниот роденден на монархот, кој ќе се одбележи денеска со парадата „Троопинг на бојата“. Роденденот на кралот е во ноември, но официјално се слави во јуни. Традиција е да се уважуваат и познати личности и луѓе кои придонеле за пошироката јавност и за државата. Гинекологот Алан Фартинг, кој се грижеше за принцезата Кејт за време на раѓањето на нејзините деца Џорџ, Шарлот и Луис, кралот го назначи за командант на кралскиот викторијански ред. Фартинг се смета за експерт за гинеколошки рак и работи во приватната болница „Крал Едвард VII“ во Лондон, кој со децении се грижи за членовите на кралското семејство. Највисоките почести им беа доделени на главната уредничка на „Вог“, Винтур, романсиер добитник на Букер, Мекјуан и професорот по медицина на Универзитетот Оксфорд, Џон Бел, кои беа прогласени за почесни придружници на кралот. Основан во 1917 година, редот, кој ги вклучува оние кои имаат заслуги од национално значење, има само неколку десетици членови. Поранешниот фудбалер, кој стана телевизиски стручњак Рајт, беше прогласен за офицер од Орденот за најодличен на Британската империја, а Ричард Мур, поранешен шеф на странското разузнавање во МИ6, е прогласен за витез. Авторот Сер Мартин Амис е прогласен за витез ден пред да почине во мај на 73-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаОд полноќ нови цени на горивата!Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати. Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени: Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар; Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар; Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар; Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар. Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСаудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долариСаудиска Арабија се откажа од плановите за изградба на стадион вреден 2,5 милијарди долари, кој требаше да биде еден од објектите за Светското првенство во фудбал во 2034 година. Доцнењата во реализацијата на „Неом“ (Neom) – клучен државен проект – поттикнаа сомнежи за иднината на некои од најамбициозните планови на Кралството. Изградбата на стадионот е ставена во мирување, според податоците на „MEED Projects“, платформа што ги следи градежните проекти во регионот. Платформата го класифицираше проектот како привремено суспендиран, без одреден датум за продолжување на работите. Стадионот требаше да биде лоциран на надморска височина од 350 метри, во рамките на комплексот „Неом“ долг 160 километри, и беше замислен како еден од најсовремените спортски објекти за турнирот. Саудиска Арабија ја поднесе својата кандидатура за Светското првенство во фудбал во 2034 година, при што стадионот во Неом беше вклучен меѓу 15-те предложени локации. Според тогашните извештаи на MEED, стадионот требаше да има капацитет од 46.000 гледачи и да се гради како дел од проектот „The Line“. Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ го додели правото за домаќинство на турнирот на Саудиска Арабија. На настанот ќе учествуваат 48 национални репрезентации, а тоа ќе биде првпат првенството да се одржи целосно во рамките на една земја. Стопирањето на изградбата на стадионот покренува прашања за иднината на „The Line“, централниот елемент од планот „Визија 2030“ на престолонаследникот Мохамед бин Салман. Овој план предвидува целосна економска трансформација на земјата преку низа футуристички мегапроекти. Јасир Ал-Румајан, гувернерот на Фондот за јавни инвестиции (PIF) – кој управува со Неом – во април изјави дека „The Line“ повеќе не е приоритет и не се смета за клучен проект пред 2030 година. Сепак, тој тогаш не потврди експлицитно дека некој дел од проектот е откажан. Од друга страна, саудиското тело одговорно за организација на турнирот во 2034 година тврди дека реализацијата на клучните градежни проекти за настанот е веќе во тек, наведувајќи фотографии од работите на другите стадиони како доказ. Одлуката е донесена неколку месеци откако беше запрена изградбата на „Мукаб“, масивен облакодер во форма на коцка, наменет да биде централен дел од новиот кварт Мураба во Ријад. Според достапните извештаи, PIF се префрла од екстремно скапи мегапроекти кон инвестиции за кои се очекува да донесат побрзи финансиски приноси. Одлуката во врска со Неом се совпаѓа со растечките економски и безбедносни предизвици за Саудиска Арабија. Извозот на енергија е нарушен поради конфликтот во кој се вклучени САД и Израел против Иран, додека јеменските Хути често ја напаѓаат саудиската инфраструктура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“ Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth). „Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови. Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател. Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter