Познати се десетте фудбалери кои ќе направат милионски трансфери во јануари - Канал 5

Познати се десетте фудбалери кои ќе направат милионски трансфери во јануари

Во јануари се отвора новиот преоден рок во кој некои славни играчи би можеле да го сменат клубот.

Познати се десетте фудбалери кои ќе направат милионски трансфери во јануари

Коронавирусот влијаеше на промените на цените на пазарот, како и на политиката на клубовите, но сепак минатото лето покажа дека клубовите како Челси се уште се подготвени да плаќаат големи суми за новите играчи.

Ова е список од 10 играчи кои би можеле да ги сменат клубовите.

Пол Погба

Пол Погба е често една од главните теми во медиумите. Долго се зборуваше за неговото заминување од Манчестер Јунајтед, а уште повеќе откако неговиот менаџер Мино Раиола неодамна објави дека Французинот ќе го напушти Олд Трафорд.

Погба може да заврши во Реал Мадрид или во Јувентус, од каде пристигна во Јунајтед.

Деле Али

Деле Али падна во втор план со Жозе Мурињо кој јавно го критикуваше по освојувањето на Купот на Карабао против Стоук Сити.

Во интерес на Али е да го задржи своето место во репрезентацијата на Англија за да може да игра на претстојното Евро. ПСЖ наводно е заинтересиран за неговите услуги, а тој трансфер може да го забрза Маурисио Покетино доколку го замени Томас Тухел на клупата на францускиот клуб.

Мемфис Депај

Лион наводно е подготвен да ја намали цената на Мемфис Депај кој игра одлично.

Барселона е заинтересирана за неговите услуги. Со одењето во Каталонија, Депај повторно ќе работи со Роналд Куман.

Ерик Гарсија

Ерик Гарсија има договор со Манчестер Сити кој истекува следното лето, а тој е цел на Барселона.

Гарсија падна во втор план со Пеп Гвардиола откако во клубот пристигна стоперот Диас од Бенфика.

Иско

Иско нема многу минути во Реал оваа сезона ,не е тајна дека размислува за заминување.

Арсенал и Евертон се наведени како клубови кои би можеле да одат по ѕвездата на Реал.

Аркадиуш Милик

Аркадиуш Милик е надвор од настапите во Наполи оваа сезона и неговиот договор истекува следното лето.

Тој може да замине во јануари за ниска цена и големи се шансите да го смени клубот. Тој се поврзува со одење во Атлетико Мадрид.

Џуниор Фирпо

Џуниор Фирпо е играчот во кого го гледаа новиот Џорди Алба во Барселона, но овој 24-годишен фудбалер не ги исполни очекувањата.

Многу е сигурно дека тој ќе ја напушти Барселона можеби веќе во јануари.

Кристијан Ериксен

Кристијан Ериксен не е навикнат на животот во Интер, за што разговарал и извршниот директор на клубот Џузепе Марота, кој потврди дека данскиот фудбалер најверојатно ќе го напушти миланскиот клуб во јануари.

Арсенал се споменува како клуб што може да тргне по овој офанзивен играч за врска.

Џулијан Дракслер

Џулијан Дракслер има 27 години и може да направи многу повеќе, но повредите му се голем проблем.

Го следат Милан, Интер и Јувентус. Некои од овие клубови би можел да го земе уште во јануари.

Флоријан Таувин

Флоријан Таувин игра во одлична форма во Марсеј и неговиот договор истекува следното лето.

Марсеј, наводно, сака да заработи најмалку 15 милиони евра од неговата продажба, што е многу подобро отколку да си оди летово без обештетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ

Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат.

СДСМ: Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ

Неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон.

Народот не го прашува, сам одлучува.

Поведе делегација од околу 50 луѓе на трошок на граѓаните, за концерт фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија а за отров 5 милиони долари ги претставува како голема инвестиција.

Антимонот не е храна туку метал за воена индустрија.

Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.

СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува.

Владата на Мицкоски не може чиста вода за пиење да обезбеди, во Гостивар 11 недели не се објавува извештај за водата, во над 50 населени места не се објавува извештај, тие нема да можат водата, почвата и здравјето на луѓето да ги заштитат од штетните последици од ископот и преработката на антимон.

Ова е распродажба на штета на здравјето на луѓето. Не е партнерство.

Целта се провизиите и диловите, тоа граѓаните веќе многу добро го знаат.

Концертот го платија скапо, богатството на Македонија го распродаваат ефтино, за багателна цена. Разликата е во провизијата.

Македонија не е на продажба!

Скопје, 23.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски:„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“

„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“, напиша Зеленски.

Зеленски:„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира нов голем напад врз неговата земја.Зеленски, објавувајќи на телеграм за неговата средба со британскиот премиер Енди Бернам на маргините на Генералното собрание на ОН, рече дека Украина е во постојана комуникација со своите сојузници за обезбедување нова противвоздушна одбрана.

„Во моментов има разузнавачки информации дека Русија подготвува нов масовен напад врз Украина“, напиша Зеленски.

Тој рече дека не може да има никаква дискусија за ублажување на санкциите против Русија „кога Украинците живеат секој ден под закана од ракетни и беспилотни летала“.

Руските сили долго време спроведуваат големи ноќни напади со беспилотни летала и ракети, но ја променија тактиката во последните недели, започнувајќи постојани напади во текот на денот.

Додека беше во Њујорк, Зеленски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за завршување на војната, вклучително и потенцијално билатерално прекинување на огнот врз цели поврзани со енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуација

Синоќа во Њујорк биле евакуирани неколку згради, додека полицијата истражувала сомнителен пакет во близина на улицата „Источна 43-та“ и Третата авенија на Менхетен.

Видео: Драма во Њујорк; полицијата на нозе; наредена итна евакуација

Сè се случило на неколку блокови од седиштето на Обединетите нации, каде што заседава Генералното собрание на ОН.

Полициската управа на Њујорк (NYPD) ги затвори улиците од Источна 42-ра до Источна 44-та, меѓу Втората и Лексингтон авенија, и ги повикала граѓаните да ја избегнуваат областа околу Источната 43-та улица и Третата авенија поради затворените патишта и можните доцнења, пренесува „Фокс њуз“.

Според непотврдени информации, сомнителниот предмет би можел да биде куфер оставен без надзор. Полицијата потврди дека зградите биле евакуирани, но не соопшти колку згради биле опфатени со евакуацијата.

Откако интервенцијата завршила, улиците повторно биле отворени, а полициските службеници не сакале да соопштат детали за сомнителниот пакет, вклучувајќи ја неговата локација и содржина.

Инцидентот се случи за време на Генералното собрание на ОН, на кое присуствуваат многу светски лидери. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот одржа говор на Генералното собрание и оствари неколку билатерални средби со странски претставници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер