Познати четвртфиналните двојки на Светското првенство во ватерполо за жени - Канал 5

Познати четвртфиналните двојки на Светското првенство во ватерполо за жени

На Светското првенство во ватерполо за жени што се одржува во Казањ синоќа се одиграа првите елиминациски дуели, по кои се познати четвртфиналните двојки.

Познати четвртфиналните двојки на Светското првенство во ватерполо за жени

Најубедливата победа ја оствари Холандија, која со 21:1 ја совлада селекцијата на Казахстан. Кина оствари триумф над Бразил со 10:8, а Грција беше подобра од Канада со 8:5. Селекцијата на САД ја победи Унгарија со 12:7.

Во четвртфиналето двојките се: Шпанија – САД, Австралија – Кина, Италија – Грција и Русија – Холандија.

Денеска на СП се играат елиминациските натпревари (осминафинале) во машка конкуренција, а двојките се: Казахстан – Црна Гора, Јужна Африка – Австралија, Канада – Италија и Бразил – САД. Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Хрватска, Србија, Унгарија и Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ.

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.

Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ.

Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија. „

Соопштение - објава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

-https://www.facebook.com/share/1CQxHidueX/

Скопје, 02.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултати

Реформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги спроведува Владата на ВМРО-ДПМНЕ со дигитализацијата даваат резултати

Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери.

Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно.

Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо.

Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација.

Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет.

Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава.

Посебен фокус се става и на развојот на вештачката интелигенција преку Националниот центар „Везилка“, со цел развој на македонски јазични модели, заштита на културното наследство и изградба на доверлив национален систем за примена на вештачката интелигенција во согласност со европските стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да стави крај на спорите, нефункционални и скапи административни процедури. Дигитализацијата значи помалку бирократија, помалку трошоци и повеќе време за граѓаните.

Разликата е јасна, наместо празни ветувања и изгубени години како во минатото и владеењето на СДС, денес се градат системи кои носат реални резултати. Целта е институциите конечно да работат брзо, транспарентно и во интерес на секој граѓанин.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ:ЗНАМ 2.0: Прво „обединување на опозицијата“, а прво на дневниот ред - напад врз СДСМ!

Најавената „платформа“ за разговори за иднината е уште еден во низата обиди на Христијан Мицкоски да создаде контролирана опозиција.

СДСМ:ЗНАМ 2.0: Прво „обединување на опозицијата“, а прво на дневниот ред - напад врз СДСМ!

Прво, не се знае кој стои зад неа. Нема име на организатор, нема транспарентност, сè се одвива под Chatham House правила.

А кога ќе се погледне што се случило на првиот состанок, станува јасно: зборуваа за „обединување на опозицијата“, а прва точка и заклучок на средбата беше напад врз СДСМ.

Мицкоски уште на крајот на минатата година ја најави оваа платформа.

Први промотори беа Јован Деспотовски и Петре Шилегов - како нова верзија на ЗНАМ 2.0. Кога не успеа да ја урне СДСМ одвнатре, сега ги обединува отпадниците од СДСМ за да ја напаѓа однадвор.

Истиот модел на промоција што го имаа овие двајца квислинзи од редовите на СДСМ, го има и денешната Chatham House платформа за иднината на Мицкоски.

Промоција преку медиуми блиски до Орбан, со главен координатор од сенка Драган Павловиќ - Латас. Во исто време, армија од ботови и фарми на тролови работи со полна пареа.

Мицкоски нема друг излез. Буџетот е празен, економијата е во колапс, наскоро нема да има пари ни за пензии.

За да го спречи слободниот пад на ВМРО, а особено на својот рејтинг, прво направи козметичка реконструкција на Владата за да добие на време со нов дефокус.

Сега намерно го прават со Изборниот закон за да ја обвинуваат опозицијата за реформи кои тој самиот не ги спроведе.

Следниот чекор се предвремени избори, за кои му треба алиби.

ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Мицкоски има најнизок личен рејтинг досега, поради секојдневните лаги, а особено поради предизборните.

Единствениот проблем е што веќе еднаш ги излажа своите гласачи и ги измами гласачите на СДСМ со ЗНАМ.

Сега, повеќе такви работи не поминуваат. Граѓаните не се наивни.

Единствената вистинска опозиција се СДСМ и слободните граѓани, обединети околу Фронтот за вистина и правда.

Сѐ друго е фејк.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер