Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ
2Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ФудбалПознати 32 учесници во Лигата на шампионите на УЕФА, остануваат слободни уште четири местаПо одигрувањето на три реванши од плејофот, синоќа станаа познати уште три учесници во фудбалската Лига. на шампиони. Сега бројот на тимови со обезбедено учество во елитното натпреварување е 32.Синоќа место во ЛШ изборија Каират (Казахстан), Бодо-Глимт (Норвешка) и Пафос (Кипар). Претходно, билети за генералната фаза освоија Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити, Челзи, Њукасл (Англија), Наполи, Интер, Аталанта, Јувентус (Италија), Барселона, Реал, Атлетико, Атлетик, Виљареал (Шпанија), Баерн, Баер, Ајнтрахт, Борусија Дортмунд (Германија), Пари Сен Жермен, Марсеј, Монако (Франција), ПСВ, Ајакс (Холандија), Спортинг (Португалија), Унион (Белгија), Галатасарај (Турција), Славија (Чешка), Олимпијакос (Грција). Вечер ќе бидат познати имињата на последни четири екипи кои ќе играат во ЛШ. Генерална фаза на лигата Лигата на шампионите 2025/26 ќе започне на 16 септември и ќе заврши на 28 јануари. Плејофот ќе започне на 17 февруари. Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта. /МИАТагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпадВо текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир. Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има незадоволство од пораките на Урсула фон дер Лајен или од застојот на патот кон ЕУ, изјави: „Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега и да ја искривуваат вистината. Јас, напротив, кажав дека имавме исклучително квалитетен, содржаен, пријателски состанок и дека сето она коешто во иднина претставува посветеност лична и посветеност на Европската Унија, нѐ мотивира да продолжиме по патот на реформите и така и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Јас само ќе кажам дека претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега, кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она коешто е посветено на приклучување на државата кон Европската Унија. Така што јас очекувам дека во периодот којшто следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение за ситуацијата во којашто се наоѓаме.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85%.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на одлуката од 28.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384% и кај мазутот намалувањето е за 1,807%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 98,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 100,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 49,597 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 ден/кг и сега ќе изнесува 49,597 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08