Позната пејачка ги налути фановите:Стави вистинска маска! - Канал 5

Позната пејачка ги налути фановите:Стави вистинска маска!

Лана Дел Реј (35) во Лос Анџелес, Калифорнија организира навивачки собир каде што прочитала извадоци од нејзината нова книга поезија „ Violet Bent Backwards Over the Grass“.

Позната пејачка ги налути фановите:Стави вистинска маска!

Но нејзиното непочитување на епидемиолошките мерки предизвика негодување и полемики во јавноста.

Имено, пејачката носеше мрежеста, а не заштитна маска, што не ја штити од потенцијална инфекција со коронавирус.

Со истата маска, таа неодамна позирала и за насловната страница на магазинот Интервју.

- Јас обично ја сакам Лана, но ова е неверојатно неодговорно. Девојко, ние сме среде пандемија! Те молам, стави ја вистинската маска на твоето лице! - прокоментираа загрижените фанови.

Сестрата на музичарката, фотографката Каролин „Чак“ Грант, која ја пренесувала презентацијата на книгата во живо на Инстаграм, изјави дека Дел Реј бил тестирана пред настанот и била негативна на ковид-19 и тврди дека Лана е безбедна цело време, држи растојание од обожавателите, но фотографиите на социјалните мрежи го покажаа спротивното.

На нив се гледа како славната пејачка ги гушка обожавателите и позира со нив, без оглед на препорачаните упатства за социјално растојание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер