Позната манекенка гола се сонча покрај базен и се пофали на Инстаграм (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки на светот, Бела Хадид, помина неколку дена на сонце, а фотографиите ги објави на Инстаграм

На таа социјална мрежа, таа објави фотографија на која се сонча на огромно розово воздушно перниче, облечена само во минијатурна танга.

Манекенката, чие богатство е проценето на 25 милиони долари, ужива покрај базенот, а многумина се убедени дека друштво и правел раперот The Weeknd, со кого е повторно во врска по уште едно раскинување.

ОЈО: Притвор од 30 дена за 10 лица за напад на полициските службеници

​ Притвор од 30 дена добија десет лица кои во четвртокот вечерта учествувале во нападот на петмината полициски службеници, од кои еден беше потешко повреден.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, издадена е наредба за спроведување на истражна постапка за овие десет лица, поради основано сомнение дека се соизвршители и сториле кривично дело „напад врз службено лице".

Осомничените во четвртокот околу 20 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот „Св Ѓорѓија" во селото Присад, физички нападнале петмина полициски службеници од Полициското одделение во Чашка. Полицајците забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Едно од возилата побегнало, а другите две, едното марка „Гранд Чироки", а другото марка „Лада Нива" биле сопрени и во нив се пронајдени бесправно исечени дрва.

Додека полициските службеници изготувале записник во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по полициските службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите се задобиле со набиеници по главата и телото.

Без струја утре повеќе делови на Скопје

 Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Карпош, Сарај и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Анастас Митрев" броевите 12, 12а, 14 и 14а, Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „Франц Прешерн", Општина Карпош.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Крушопек, дел од село Сарај лоцирани околу општината, дел од населбата Ѓорче Петров кај „Кристина Дамил", општина Сарај и Ѓорче Петров.

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 193 возила

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. 

Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира.

Паркингот на Водно во текот на продолжениот викендов го искористиле 193 возила според бројот на испратени СМС пораки.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

притисни ентер