Позната е внатрешноста на новиот електричен Мерцедес (ФОТО) - Канал 5

Позната е внатрешноста на новиот електричен Мерцедес (ФОТО)

Mercedes ја откри внатрешноста на новиот модел, чија премиера е закажана за 16 октомври.

Позната е внатрешноста на новиот електричен Мерцедес (ФОТО)

Станува збор за теренецот EQE, нов електричен модел кој на пазарот ќе пристигне како „мултифункционална верзија на седанот EQE“. Најновиот член на растечкото семејство EQ ќе ја има најновата верзија на интерфејсот MBUX Hyperscreen со три големи екрани под еден капак. Моделирани по лимузината, отворите за „турбина“ се задржани, но и целокупниот израз се гледа на основната EQE.

Предвидени се пет комбинации на ентериерот, а на фотографиите може да се види изданието во комбинација од балао кафена и нева сива кожа. Исто така, Mercedes ќе понуди и „хибриден“ материјал кој ја комбинира топлината на дрвото со технички студениот изглед на вистинскиот алуминиум.

Кога станува збор за возењето, не треба да има изненадувања. Почетниот модел ќе има батерија од 90 kWh и нешто помалку од 300 КС. По него ќе следи AWD верзија со два електромотори и наводно две AMG верзии. На точка на врвните перформанси, зборуваме за 688 КС и дури 950 Nm.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер