Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
1Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона
Шоу бизПозната е причината за смртта на холивудскиот актер Карл Ведерс, Сталоне со емотивна поракаОткриена е причината за смртта на актерот Карл Ведерс.Според изводот на умрени што го објави The Blast, актерот починал од атеросклеротична кардиоваскуларна болест. Тој со години страдал од срцевата болест, а неговата смрт била проценета како природна. Починал мирно во сон. Ветерс починал во својот дом во Венис, Калифорнија на 2 февруари на 76-годишна возраст. Тој беше најпознат по улогата на Аполо Крид во филмовите Роки. Ведерс глумеше и во филмот „Предатор“ од 1987 година, а ќе остане запаметен по улогата во филмот „Среќен Гилмор“. Тој беше номиниран за Primetime Emmy награда за одличен гостин актер во драмска серија за неговата работа на The Mandalorian. Роден бил на 14 јануари 1948 година во Њу Орлеанс. На почетокот се занимавал со различни спортови, вклучувајќи бокс, фудбал, борење и гимнастика. Играл фудбал на Државниот универзитет во Сан Диего и им помогнал на Ацтеките да го освојат Купот на Пасадена во 1969 година. Тој, исто така, заработил диплома за театарска уметност, но потпишал со Оукленд Рајдерс како слободен агент во 1970 година и играл во осум натпревари во НФЛ како бек во текот на две сезони. Сепак, по повредата го напуштил спортот и целосно се свртел кон актерството. Зад себе остави два сина и неговата сопруга Мери Ен. По неговата смрт зборуваше и неговиот колега од Роки, Силвестер Сталоне. „Вчера изгубивме легенда. Животот ми се промени засекогаш кога го запознав Карл Ведерс. Одмори се и продолжи да удираш“, напишал тој на видеото на кое стои пред сликата од нивната позната борба во Роки. "Денес е неверојатно тажен ден за мене. Толку сум растргнат што не можам ни да опишам. Карл Ведерс беше составен дел од мојот живот, мојот успех. Кога влезе во таа соба и го видов за прв пат , видов величина. Но не сфатив колку е одличен. Никогаш немаше да го имам успехот на Роки да не беше тој“, изјави Сталоне. "Тој беше волшебник. Бев многу среќен што сум дел од неговиот живот. Аполо, продолжи да удираш", заклучил тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикиниЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини. Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела. Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство. Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
КултураИнтернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во ВеронаСтоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на Битолскиот театар во Верона. Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа. Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07 прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio. „Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ. Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување. „Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од Битолскиот театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДоналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатнито ги поседува вештините за улогата генерален секретар на ОН.Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН се ближи кон крајот, а оваа година треба да се избере нов челник на организацијата. За да ја обезбеди таа функција, на Инфантино би му била потребна поддршката од Советот за безбедност на ОН, кој брои 15 члена, вклучувајќи пет постојани членки со право на вето. Потоа, за именувањето би била потребна потврда од Генералното собрание на ОН. Сепак, засега не е познато дали Инфантино воопшто размислува за премин во Обединетите нации или дали разговарал за таа идеја со Трамп. Паоло Ѕамполи, италијанско-американски бизнисмен и специјален пратеник на Трамп за глобални партнерства, ја пофали идејата, тврдејќи дека Инфантино би можел успешно да ја извршува таа улога. „Тој би завршил одлична работа. Луѓето го сакаат, а постојат и одредени сличности меѓу улогите на претседател на ФИФА и генерален секретар на ОН“, изјави Ѕамполи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33