Позната актерка призна дека по улогата во „Американска пита“ спиела со 200 мажи- објасни зошто (ФОТО) - Канал 5

Позната актерка призна дека по улогата во „Американска пита“ спиела со 200 мажи- објасни зошто (ФОТО)

Актерката Џенифер Кулиџ, најпозната по улогата на мајката на Стифлер во култната комедија „Американска пита“, откри како улогата ѝ донела неочекувани предности во личниот живот.

Позната актерка призна дека по улогата во „Американска пита“ спиела со 200 мажи- објасни зошто (ФОТО)

Благодарение на нејзиниот статус како МИЛФ икона, таа тврди дека спиела со околу 200 мажи со кои инаку не би спиела.

Сите се сеќаваат на тинејџерската комедија што се емитуваше во 90-тите, незаборавната сцена со пита од јаболка и, секако, мајката на Стифлер, пишува LADbible.

Улогата на Џанин Стифлер, згодна постара жена која го заведува пријателот на својот син, ја лансираше тогаш 38-годишната Кулиџ во холивудска ѕвезда и ја претвори во мејнстрим секс симбол.

Пред три години, актерката отворено проговори за Variety за тоа како ја искористила славата што ѝ ја донесе улогата.

- Улогата на МИЛФ ми донесе многу популарност. Добив многу секс благодарение на филмот „Американска пита“. Имаше толку многу предности од снимањето на тој филм. Мислам, спиев со околу 200 луѓе со кои инаку немаше да имам шанса да спијам - рече таа.

Кулиџ го играше легендарниот лик во популарната франшиза четири пати: во филмовите „Американска пита“, „Американска пита 2“, „Американска пита: Свадбата“ и „Американска пита: Соединувањето“.

YouTube video

Сепак, таа призна дека секоја слава доаѓа со цена. Откако ги играше мајката на Стифлер и Полет во филмовите „Харвардска русокоса“, се чувствуваше заробена во ист вид улоги, верувајќи дека никој во Холивуд не ја гледа како сериозна актерка.

- Најтажната работа во животот е што донесуваш одлуки за себе. Ако не добијам одлични улоги, доаѓам до заклучок дека луѓето мислат дека не сум способна да направам нешто такво. А потоа доаѓам до заклучок дека навистина не можам да го направам тоа. Мора да имаш режисер како Мајк Вајт кој ќе каже: „Мислам дека можеш да го направиш тоа“, признава таа.

Улогата на Тања Меквуд во популарната серија на HBO „Белиот лотос“, во режија на Мајк Вајт, донесе преродба во нејзината кариера.

Улогата го подигна нејзиниот статус во индустријата и ѝ ја обезбеди првата номинација за престижната награда Еми, докажувајќи го нејзиниот актерски опсег и отворајќи ја вратата за нови проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Утрово неколку беспилотни летала навлегоа во молдавскиот воздушен простор, по што следеа експлозии на повеќе локации. Според досегашните информации, нема повредени лица.

Експлозии на повеќе локации во Молдавија: Пронајдени остатоци од беспилотни летала

Министерството за одбрана на Молдавија соопшти дека националниот систем за надзор детектирал повеќе беспилотни летала над молдавската територија, вклучително и во близина на Анениј Ној, Штефан Вода, Тудора и Каушени.

Полицијата потоа извести дека жители од неколку области пријавиле експлозии надвор од населените места. На повеќе локации беа пронајдени делови за кои постои сомневање дека потекнуваат од беспилотни летала.

Во близина на Каушени, полицијата пронашла остатоци од летало по пријави за експлозија и густ чад. Слични предмети биле пронајдени и во близина на Дубовка и Хинчешти, како и меѓу Делакау и Пухачени.

Експлозија предизвика пожар и оштети објект

Еден од посериозните инциденти е забележан во близина на Крокмаз, во областа Штефан Вода.

Пожар во вегетацијата избувна откако летало се урна во лозје, а беа оштетени и прозорците на близок земјоделски објект. Според достапните информации, нема повредени лица.

Полицијата ги истражува околностите на сите инциденти и апелираше до граѓаните да не им приоѓаат на пронајдените делови од летала, туку веднаш да ги известат надлежните служби.

Сè се случи за време на рускиот напад врз Украина

Инцидентите беа забележани додека Русија изведуваше нов голем напад со беспилотни летала и ракети врз Украина.

Молдавските власти сè уште немаат објавено конечни информации за потеклото на сите пронајдени летала, ниту пак тврдат дека Молдавија била нивната цел. Истрагата е во тек.

Санду: Пет руски ракети и беспилотни летала го нарушија нашиот воздушен простор

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, го осуди утринскиот руски напад врз Украина и изјави дека војната, според нејзините зборови, „опасно стигнала до Молдавија“.

„Пет руски воздушни средства, вклучително ракети и беспилотни летала, го нарушија нашиот воздушен простор и експлодираа на наша територија. Москва ги загрозува животите низ Европа и мора да биде запрена“, напиша Санду на платформата „X“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска извршија увид во градежните активности на мостот на „Љубљанска“. 

Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината

По години застој, продолжува финалната фаза од поврзувањето на улиците „Љубљанска“ и „Скупи“, со цел до крајот на оваа година мостот да биде ставен во функција.

- Скопје предолго чекаше, време е да се движи напред! Дадениот збор за мене е обврска. А довербата што ја добив од вас, мојот народ, е одговорност што ја носам секој ден. Да работам, да ги решавам проблемите што со години стоеле заглавени и да испорачувам резултати што ќе ги почувствувате во сопственото секојдневие. За нашиот град, ова поврзување има огромно значење. Нова сообраќајна врска меѓу северниот и западниот дел на Скопје, подобар пристап до Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, побрз и побезбеден излез кон обиколницата и растоварување на булеварите „Партизански одреди“ и „Илинденска“. Зад сето ова стои она што им е најважно на граѓаните - помалку време во колони, полесно стигнување до работа и повеќе време со семејството – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Значајно е да се нагласи дека застојот поради потребното мислење и дозвола од Конзерваторскиот центар за заштита на локалитетот „Скупи“ е надминат.

- Со сериозна работа и одговорен пристап, дозволата која моите претходници ја закочија е обезбедена, заштитата на културното наследство е запазена, а градежните активности од денес продолжуваат со засилен интензитет – нагласи Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека се гради современо и целосно сообраќајно решение, со коловоз широк 12 метри и четири сообраќајни ленти, по две во секој правец, на вкупна површина од 5.350 квадратни метри. Од двете страни ќе има пешачки и велосипедски патеки, секоја широка по два метра, со вкупна површина од 3.815 квадратни метри, кои ќе овозможат безбедно и удобно движење за сите учесници во сообраќајот. Изградени се потпорни ѕидови од двете страни на булеварот, со 2.050 кубни метри бетон, атмосферска канализација во должина од 473 метри и улично осветлување со 40 столбови, за поголема безбедност и прегледност.

Паралелно, Град Скопје работи и на изградбата на мега парк на површина од 70.000 квадратни метри во Карпош, со партерно и хортикултурно уредување, пешачки патеки, хидрантска мрежа и урбана опрема.

- Создаваме нов простор за прошетки, рекреација и дружење, а продолжуваат и активностите за расчистување на кејот на Вардар. Скопјани заслужуваат уреден кеј и зеленило во кое ќе уживаат сите генерации - рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка и личната посветеност, кој со конкретни дела покажува како се сакаат сопствениот град и државата.

- Таа поддршка ни дава сила да ги придвижуваме заглавените проекти и заедно да ги правиме Скопје и Македонија поубаво место за живеење. Скопјани заслужуваат модерен и функционален град. Град во кој се стигнува полесно, се живее поубаво и се гледа дека некој се грижи – истакна Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Стогодишна жена загина во катастрофалните поплави што ја погодија општината Мадригерас во шпанската провинција Албасете. Водата носеше сè пред себе и предизвикаа огромна штета, јавуваат шпанските медиуми.

Разорни поплави во Шпанија: Водата носи сè пред себе

Несреќната стогодишничка се наоѓала во својот семеен дом кога водата нагло навлегла внатре и таа не успеала да се спаси, потврдија регионалните власти на Кастиља-Ла Манча.

За само два часа наврнаа повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар

Поплавата започна во петокот околу 18:15 часот, кога општината ја зафати силен пороен дожд што непрекинато паѓаше речиси два часа. Според првичните мерења, во тој краток период наврнале повеќе од 140 литри дожд на квадратен метар.

Ситуацијата брзо се влошила бидејќи огромни количини вода од блиските клисури и околните ридови се слеале во населбата, целосно поплавувајќи ги улиците на Мадригерас.

На социјалните мрежи набрзо се појавија снимки на кои се гледа како каллива вода ги преплавува патиштата и навлегува во домовите.

Регионалната влада веднаш го активираше првото ниво на тревога од специјалниот план за заштита од поплави (Meteocam), додека службите за итни случаи, пожарникарите и спасувачките екипи ја поминаа целата ноќ на терен, помагајќи им на жителите и расчистувајќи ги остатоците што ги нанела водата. Шпанскиот премиер Педро Санчез исто така се огласи за настанот на социјалната мрежа „X“, изразувајќи сочувство до семејството на починатата жена и истакнувајќи дека обилните дождови предизвикале сериозни штети во неколку делови од земјата, притоа повикувајќи ги граѓаните на крајна претпазливост и почитување на упатствата на службите за итни случаи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер