Порно актерката Бани Блу си ја отвори душата по апсењето на Бали (ВИДЕО) - Канал 5

Порно актерката Бани Блу си ја отвори душата по апсењето на Бали (ВИДЕО)

Бони Блу го прекина молчењето откако беше уапсена на Бали.

Порно актерката Бани Блу си ја отвори душата по апсењето на Бали (ВИДЕО)

Британската креаторка на содржини за возрасни беше видена на 13 декември на аеродромот Хитроу, кога се врати во Велика Британија откако беше депортирана од Индонезија.

Со вистинско име Тиа Билингер, таа на крајот била ослободена според строгите закони против порнографија на Индонезија, но е прогласена за виновна за мал сообраќаен прекршок. Таа беше депортирана поради кршење на прописите за имиграција бидејќи работела со туристичка виза.

Порно актерката беше уапсена на Бали поради нејзината контроверзна содржина во која има секс со „малолетни“ тинејџери - имено австралиски „Schoolies“. Таа отиде на Бали во период познат по матурантите кои патуваат за да го прослават завршувањето на нивното образование.

„Подгответе се со мене за судење“

Но, Билингер, заедно со уште 33 други лица, заврши во притвор откако полицијата изврши рација во продукциско студио на Бали, а сега сподели видео снимено на денот кога се појави на суд.

„Подгответе се за судењето со мене“, рече таа во видеото, објаснувајќи дека немала многу време.

„Навистина сакав да ја носам мојата маица од Schoolies, моето семејство ми рече да не го правам тоа, но сепак ќе ја земам и ќе видам што ќе каже адвокатот“, објасни Билингер додека се шминкаше.

„Навистина не знам што да очекувам денес, само знам дека ќе се сретнеме со судија и дека тоа е суд. Полицијата ќе биде таму, имиграцијата ќе биде таму, медиумите ќе бидат таму.“

Потоа таа тврдеше дека додека полицијата и имиграцијата „продолжуваат да плачат“ за медиумите, тие наводно „повикуваат“ и „даваат информации“ во исто време. Билингер, исто така, тврдеше дека „девојката што го организираше целото патување“ наводно зела „голем дел“ од нејзината „такса од 75.000 фунти“, а потоа „ја пријавила во полиција“.

„Воопшто не сум нервозна“

Потоа таа лежерно продолжи да споделува детали за нејзината облека, тврдејќи дека полицијата „ѝ го украла лакот за коса“. „На пат сме кон суд, всушност воопшто не сум нервозна“, додаде таа, откако застана за мафин по пат.

„Не ми е гајле, но можеби ќе треба да ја поминам ноќта во притвор, па тоа веројатно нема да биде многу забавно.“

На крајот, на Билингер ѝ беше наредено да плати казна од 200.000 рупии (околу 9 фунти) и беше депортирана од Индонезија со 10-годишна забрана за влез во земјата. Ѝ беше дадена опција да ја плати казната или да заврши во затвор.

Патем, оваа казна не беше изречена за порнографска содржина, туку за неправилна употреба на пикапот што го користеше и го внесе во земјата.

Таа го заврши видеото наздравувајќи со лименка Кока-Кола покрај базенот, шегувајќи се: „Ако некогаш сте се запрашале како изгледа депортацијата - еве ја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов кинески електричен автомобил ќе се натпреварува со популарните европски брендови

„Geely EX2“ би можел да биде еден од најпристапните електрични автомобили во Европа. Во Кина чини само 9.000 евра, но не очекувајте да биде толку достапен на европскиот пазар.

Нов кинески електричен автомобил ќе се натпреварува со популарните европски брендови

Кинескиот производител на автомобили „Geely“ се подготвува да лансира нов електричен модел „EX2“ на европскиот пазар.

Станува збор за компактен градски кросовер кој треба да се натпреварува со модели како „Renault 5 E-Tech“ и „Volkswagen ID. Polo“.

„Geely EX2“ користи електричен мотор сместен на задната оска, кој развива 114 КС и 150 Nm вртежен момент.

Енергијата ја обезбедува „LFP“ батерија со капацитет од 39,4 kWh, а проценетиот досег според „WLTP“ стандардот е до 325 километри.

Моделот поддржува брзо полнење со моќност до 70 kW, што не е меѓу најдобрите резултати во својата класа, но е доволно за секојдневна употреба.

Со должина од 4,13 метри и волумен на багажникот од 375 литри, „EX2“ ќе биде најмалиот модел во европската понуда на брендот „Geely“.

Внатрешноста има два дигитални екрани интегрирани во контролната табла, во согласност со современите трендови.

Продажбата во Велика Британија треба да започне кон крајот на годината, по што моделот ќе стигне и на другите европски пазари.

Во Кина, почетната цена е околу 9.000 евра, но во Европа се очекува да чини приближно 18.000 евра поради трошоците за транспорт, царината и прилагодувањето кон локалните прописи.

Доколку овие проценки се покажат како точни, „Geely EX2“ би можел да стане еден од најпристапните електрични автомобили во Европа и сериозен конкурент на веќе воспоставените европски модели.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов

Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија.

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, во периодот од 22 до 24 јуни 2026 година во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“.

Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни организации, универзитетски професори, истражувачи, претприемачи и млади лидери од Европа и Азија, кои преку отворен дијалог разменија мислења за глобалните безбедносни предизвици, економската соработка, културната размена, дигиталната трансформација и улогата на младите во современиот свет.

Во своето обраќање на свеченото отворање, претседателот Иванов истакна дека во време на растечки глобални предизвици, мирот и стабилноста можат да се градат единствено преку дијалог, почитување на различностите и заедничка одговорност за иднината. Потоа следеа обраќања на вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, амбасадорката на Народна Република Кина Џијанг Сјаојан и потпретседателот на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање Лиу Хонгцаи.

На првиот панел, на тема „Предизвици за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото“, учествуваа поранешниот Претседател Иванов, поранешниот министер за надворешни работи на Република Турција и актуелен шеф на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Мевлут Чавушоглу, поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и кинескиот инвеститор и политички аналитичар Ерик Ли, додека модератор на сесијата беше Иван Иванов од Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите. Учесниците разговараа за актуелните геополитички кризи, ерозијата на меѓународниот поредок, улогата на меѓународните институции и потребата од обновување на довербата меѓу државите и народите.

Вториот панел беше посветен на економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Своите гледишта ги споделија првиот македонски амбасадор во Народна Република Кина Владимир Петковски, професорката Сонг Лилеи од Универзитетот Тонгџи, професорот Љубомир Кекеновски од Економски факултет при УКИМ, професорот Ванг Хонгји од Универзитетот за странски студии во Пекинг. Панелистите модерирани од коосновачот и генерален секретар на Пекиншкиот клуб Хуа Хан, ја нагласија важноста на инфраструктурното поврзување, трговската размена, образовната соработка и заемното разбирање како основа за одржлив економски развој.

Третиот панел, „Иднината на цивилизациската визија и културната размена“, беше посветен на улогата на културата, историјата и цивилизациското наследство во градењето меѓусебна доверба. Во дискусијата учествуваа истражувачот Џанг Гуоџин, професорот Лијанг Жанџун, директорот на Институтот за меѓународни стратешки и безбедносни студии Раби Седрак и професорот Далибор Јовановски. Модераторот Шенер Билали, советник на Премиерот за меѓуетнички односи, ги водеше панелистите низ дискусијата за тоа дека културната дипломатија останува еден од најефикасните инструменти за надминување на предрасудите и за јакнење на соработката меѓу различни цивилизации.

Вториот ден од конференцијата започна со панелот „Дигитална трансформација: вештачка интелигенција, креативност и човечки потенцијал“. Сесијата ја модерираше професорот Атанас Кирјаковски од Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје, а учесници на панелот беа професорот Демин Дуан од Универзитетот во Пекинг, Игор Маџов од „Стартап Македонија“, Моника Ризовска Таневска од „Women in Tech“ и професорот Христијан Ѓорески од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ. Панелистите разговараа за влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, образованието и економијата, нагласувајќи дека технолошкиот напредок мора да биде насочен кон унапредување на човечкиот потенцијал и општествената благосостојба.

На последниот панел, „Младите во променлив и турбулентен свет“, свои искуства и визии споделија Илија Тоневски, извршен директор на „Делфино Мобилити Груп“, Виктор Јакимовски, извршен директор на платформата „Пантеон“, Огнен Огненоски, основач и директор на „БизнисМрежа“, Никола Николовски – Боемот, креатор на дигитални содржини, новинар и маркетинг професионалец, и Изабела Левенска Миљаниќ, иницијатор на платформата „Музеј на јавна уметност“, додека панелот го модерираше Анастасија Илиевска, претседател на Асоцијацијата на алумни на Школата за млади лидери на претседателот Иванов и менаџер за односи со јавноста и медиумите. Дискусијата беше посветена на лидерството, претприемништвото, дигиталната комуникација и општествената ангажираност на младите генерации, и, беше нагласено дека младите претставуваат двигател на позитивните промени и клучен фактор во обликувањето на поинклузивни и поотпорни општества.

Во заклучоците од конференцијата беше истакнато дека современите предизвици бараат поголема меѓународна соработка, почитување на различностите и подготвеност за дијалог. Учесниците ја потврдија потребата од јакнење на меѓусебната доверба, културната размена и партнерствата меѓу државите, институциите и граѓанските организации како предуслов за мирна и стабилна иднина.

Кабинетот на претседателот Иванов и ко-организаторите изразуваат искрена благодарност до сите говорници, панелисти, партнери и учесници кои придонесоа за успешната реализација на конференцијата „Дијалог за единство и мир 2026“, потврдувајќи дека дијалогот останува најсилниот инструмент за градење мир, разбирање и соработка меѓу народите.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Протеински крем њоки

Во четврток (18.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Снежана Црнковиќ Акур.

„Гответе со Дракче“ - Протеински крем њоки

Состојки за денешниот рецепт:

100 гр. пилешки стек

30 мл. неутрална павлака

200 гр. њоки

20 гр. кашкавал

1 мал кромид

1 чешне лук

1 свежа краставица за прилог

масло, сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер