Познат распоредот на натпреварите на „Трофеј Македонија“ во кошарка - Канал 5

Познат распоредот на натпреварите на „Трофеј Македонија“ во кошарка

Во рамките на подготовките за квалификациите за Европското првенство македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра и три контролни натпревари во Скопје во СЦ „Јане Сандански“. Македонската кошаркарска федерација ќе го организира „Трофеј Македонија“, а покрај нашата репрезентација ќе настапат уште селекциите на Белгија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора.

Познат распоредот на натпреварите на „Трофеј Македонија“ во кошарка
Турнирот ќе се игра од 17 до 19 август.

Распоред на натпреварите:
17 август (среда): Босна и Херцеговина – Белгија (почеток 16:30 часот) и Македонија – Црна Гора (почеток 19 часот);
18 август (четврток): Црна Гора – Босна и Херцеговина (18:00 часот) и Македонија – Белгија (20:30 часот);
19 август (петок): Црна Гора – Белгија (18 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20:30 часот).

Овие дуели ќе бидат добра можност селекторот Драган Раца да ја провери формата на репрезентативците. Досега во подготовките Македонија одигра два натпревара (победа и пораз) со Бугарија во Самоков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, ги вреднува социјалните работници и создава политики за силни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата.

Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и се вреднува нивниот професионален ангажман во обезбедувањето поддршка за најранливите категории граѓани.

Воедно, Владата го донесе Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026 – 2028 година и во тек се активности за објавување јавен повик за избор на оператор кој ќе биде задолжен за имплементација, развој и одржливо управување со нејзиниот систем.

Оваа мерка на младите ќе им овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги, образовни и културни содржини, како и можности во државата и низ Европа.

Паралелно, во соработка со УНФПА започна подготовката на Национална стратегија за демографски развој и отпорност, која, преку инвестиции во човечкиот капитал и рамномерниот регионален развој, ќе овозможи креирање сеопфатни политики за поттикнување на повратните миграции, поголема поддршка за семејствата и справување со негативните демографски предизвици.

Владата останува доследна на својата определба да спроведува политики што даваат конкретни резултати и ќе продолжи да применува мерки кои ги јакнат институциите, ги подобруваат условите за работа, отвораат нови можности за младите и создаваат сигурна иднина за македонските семејства.

Граѓаните заслужуваат ефикасни институции и политики што носат долгорочни придобивки, а токму тоа е правецот по кој се движи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Во тетовското село Непроштено денеска ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите на ова населено место.

Во Непроштено ќе се одбележат 25 години од киднапирањето и свирепото убиството на жителите

Комеморацијата ќе се одржи во спомен-паркот со панихида и полагање цвеќе пред спомен-обележјето.

Потоа ќе следува и обраќање на иницијативниот одбор.Со ова се одбележува годишнина од свирепото убиство на Стојан Михајловски, како и од исчезнувањето на крсто гоговски, цветко михајловски и васко Михајловски кои се дел од 12-те македонци киднапирани во 2001 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Четири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на  седница на Собранието.

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер