Познат пејач ја продава својата раскошна вила за 25 милиони долари , се преселил во стан (ВИДЕО)

Канадскиот пејач The Weeknd, со вистинско име Абел Тесфај, ја продава својата огромна вила со 9-спални и 11-купатила во Лос Анџелес за 25 милиони долари.

Тој ја платил 18,2 милиони долари вилата пред три години, што значи дека ќе заработи скоро 7 милиони долари.

Вилата има неколку тераси, базен, спа, соба за вино, кино сала..., а имотот има терен за кошарка.

Вариети пишува дека The Weeknd неодамна купил пентхаус во Вествуд за 21 милион долари, што е веројатно причината за продажба на вилата.

Во Британија се појавија опасни таблети екстази со ликот на Трамп

Британската полиција издаде предупредување до јавноста да се чуваат од апчиња екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп кои се исклучително опасни.

Маж е фатен под сомнение дека снабдувал со портокаловите апчиња, соопшти полицијата.

"Криминалците постојано наоѓаат нови начини да ја продаваат својата дрога и да ги направат позависни. Сме наоѓале претходно апчиња МДМА (екстази) произведени во форма на разни популарни предмети од културата, а неодамнешен пример се оние во форма на Доналд Трамп", рече детективот Рајан Барнс од полиција во Бедфордшир.

„Ако наидете на овој или друг вид дрога, ве молиме, не земајте ја поради ваша безбедност, бидејќи никогаш не можете да бидете сигурни што содржат овие апчиња“, додаде тој.

Ова не е првпат да биде откриена дрога со лик на американскиот претседател. Британската полиција и минатото лето предупреди на силни апчиња кои потсетуваат на Трамп.

Слични се забележани пред две години во Хонг Конг, во Германија минатата година и во САД оваа година.

Лукашенко праќа војска на западната граница

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека падобранска бригада ќе биде распоредена на западната граница на земјата како одговор на воените вежби на НАТО во Полска и Литванија.

Лукашенко го најави ова откако претходно денеска се договори за соработка со рускиот претседател Владимир Путин.

Бидејќи Европската унија му се заканува на Минск со санкции поради претепување на антивладините демонстранти, Лукашенко рече дека е загрижен за воените вежби на НАТО во двете соседни земји.

Белоруската новинска агенција „Белта“ претходно објави дека двајцата претседатели разговарале за „ситуацијата во Белорусија и во странство“.Додаде дека Лукашенко побарал да разговара со Путин за „заканата“ на која била изложена неговата земја, но и „целиот наш регион“. Тој најмногу се насочил кон опасноста што протестите во Минск ја претставуваат за унијата на Русија и Белорусија.

Илјадници демонстранти се собраа денеска повторно во Минск, главниот град на Белорусија, во знак на протест против реизборот на претседателот Лукашенко, објави АФП. Десетици илјади демонстранти го оспоруваат реизборот на Александар Лукашенко низ целата земја од неделата, изразувајќи незадоволство од масовната измама и насилното задушување на протестите.

Белоруските власти добија поддршка од Москва, која ги осуди обидите за „надворешно мешање“ насочени кон дестабилизација на Белорусија, историски сојузник на Русија, и покрај тензиите меѓу двете земји што се појавија во последните години.

По пет месеци , отворена најголемата туристичка атракција во Рио (ВИДЕО)

Големите туристички локации во Рио де Жанеиро, вклучувајќи ја и статуата на Христос Спасител  со поглед на бразилскиот град, од денеска повторно се отворија за  јавноста, откако беа затворени пет месеци поради пандемијата на коронавирус

„Повторното отворање на Христос го симболизира повторното отворање на Бразил кон туризмот“, изјави министерот за животна средина Рикардо Салес на церемонијата пред статуата.

Од посетителите ќе се бара да носат маски и да одржуваат социјална дистанца, и нема да им биде дозволено да лежат на земја - како што многумина прават во обид да го добијат најдобриот агол за фотографии пред нозете на огромната статуа.

Сместен на врвот на ридот Корковадо висок 2 300 метри во центарот на Рио во националниот парк Тијока, споменикот нуди спектакуларен панорамски поглед на градот и неговата околина.

Бидејќи поради мерките за социјално растојание беше затворен во март, споменикот на Христос Спасител продолжи да функционира како верско светилиште, нудејќи јавни миси и бдение во чест на здравствените работници и жртвите на пандемијата.

Исто така, деенска проработе жичарницата Пао де Акучар, која нуди панорамски поглед на градот, аквариумот Акварио и гигантската Рио Sвезда, најголемото тркало Ферис во Јужна Америка, пуштено минатата година во пристаништето.

Националната конфедерација на стоки, услуги и туризам во Бразил проценува дека секторот за туризам во земјата изгуби 154 милијарди реали (28,4 милијарди американски долари) во последните пет месеци, работејќи со само 14 проценти од својот капацитет.

Државата Рио де Жанеиро, со 17 милиони жители, има регистрирано повеќе од 14.500 смртни случаи и скоро 190.000 случаи на коронавирус, според официјалната статистика.Самиот главен град, кој во јуни започна постепено економско отворање, во последните 24 часа бележи 33 смртни случаи и 1.365 нови заразени.

Бразил, со 106.500 смртни случаи и 3,2 милиони заарзени до денес, е втора земја најтешко погодена во светот, по САД.

притисни ентер