ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
2СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
Други спортовиПознат ММА борач падна од 10. кат – докторите се борат за неговиот живот ММА борачот Магомед Заиналов, попознат како „Отров“, паднал од 10-ти кат на зграда во Ростов на Дон и лекарите се борат за неговиот живот.Според Едуард Кузминов, исто така ММА борач, Заиналов е на интензивна нега. „На 2 февруари требаше да се тепаме“, рече Кузминов. Како што рече, се надева дека колегата ќе закрепне. „Се молев да го победам во борбата, а сега се молам Отров да биде добро и да закрепне“, изјави Кузминов. Не се познати околностите под кои паднал Заиналов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме: Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев? Дали има комуникација и средби помеѓу нив? Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет? Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор? Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија немаЕвропската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници. Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања. Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски. Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата. Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи. Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата. Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо. Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка. Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место. Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата. Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина. Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност. Скопје, 30.09.2026 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Канада е една од најлошите земји во светотАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба. „Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада. Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада. При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи. Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД. „Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter