Познат кардиолог ја открил диетата: ќе изгубите 10 килограми за 2 недели и ќе ги исчистите артериите! - Канал 5

Познат кардиолог ја открил диетата: ќе изгубите 10 килограми за 2 недели и ќе ги исчистите артериите!

Со дебелината доаѓаат сите болести. Голема е веројатноста дека млади ќе добиете срцеви тегоби, дијабетес или срцев или мозочен удар, доколку имате вишок килограми.

Познат кардиолог ја открил диетата: ќе изгубите 10 килограми за 2 недели и ќе ги исчистите артериите!
За да бидете здрави, потребно е да одржувате нормална килажа. Ако сакате да ослабете, потребно е здраво да се храните и да се движите.
Исфрлете од употреба неприродни газирани сокови и останати пијалаци, како и нездрава храна. Намалете го внесувањето на солта и мастите. Не им верувајте на рекламите и на тоа дека ќе ослабете, ако ништо не правите туку само користите препарати за слабеење.
За да ослабете треба да вежбате и здраво да се храните. Никој не ви кажува дека треба да прескокнувате оброци и да се изгладнувате. Јадете здраво, намалете ги оброците и движете се.
Тука ќе ви го претставиме режимот на исхрана кој доста може да ви помогне. Се подразбира дека не треба да го прескокнете појадокот.
За појадок јадете житарки со млкео, јогурт, кефир, кисело млеко, по ваш избор.
Ручок:
-Варено јајце
-1 парче тост
-Чаша јогурт
-Имајте две ужини, изедете еден портокал или јаболко, а можете и банана.
Вечера:
-Варен зеленчук
-1 парче тост
Овој режим трае 2 недели и може да се намалат и до 10 килограми. За да ја одржувате телесната тежина и по режимот треба да продолжите здраво да се храните. Јадете редовно, намалете ги оброците и исфрлете ја нездравата храна и газираните пијалаци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер