Познат фудбалер ја продава вилата од 15 милиони, откако го оставила сопругата за помлад маж - Канал 5

Познат фудбалер ја продава вилата од 15 милиони, откако го оставила сопругата за помлад маж

Поранешниот германски репрезентативец Јенс Леман повторно е во центарот на вниманието на јавноста, овојпат поради разводот со сопругата Кони, која наводно си нашла помлад маж.

Познат фудбалер ја продава вилата од 15 милиони, откако го оставила сопругата за помлад маж

Леман еднаш бил трет на Мундијалот со Германија, играше и во финалето на Лигата на шампионите со Арсенал, а сега наводно ја продава луксузната вила во татковината вредна 13 милиони евра токму поради разводот.

Според медиумите, Леман повеќе не е со Кони (52), која го напуштила семејниот дом и започнала врска со помлад партнер. Нивната врска наводно подолго време била турбулентна, а самиот голман неодамна бил уапсен на Октоберфест.

Леман и Кони се венчале во 1999 година, имаат две деца кои останале со нивниот татко, како и уште едно од претходниот брак на Кони.

Што се однесува до вилата што ја продава, таа има шест спални соби, шест бањи и е распослана на три ката со вкупно 633 квадратни метри станбена површина. Со поглед на езерото Старнберг во Минхен, вилата располага со внатрешен базен, сауна, фитнес простор и бројни светли, пространи соби.

Наводите за раскинување дополнително се интензивираа за време на Октоберфест во септември, кога беа видени одделно - Кони со пријателите и Леман со група млади жени. Недолго потоа, поранешниот голман бил уапсен поради возење во пијана состојба и морал да ја предаде возачката дозвола.

Пријател близок до семејството за германските медиуми откри дека разводот на парот бил неизбежен:

- Јенс се однесува како однадвор сѐ да е во ред, но и двајцата водат одвоени животи подолго време. Откако ќе заврши продажбата на куќата, тие ќе го официјализираат разводот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век.

Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја.

Но, не.

Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“.

Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот.

Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на:

• подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас,

• и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО.

Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“.

Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници.

Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови.

Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава.

За Мицкоски - тие се „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. 

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината.

„Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв.

На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Кинескиот автомобил „Denza N8“ е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh.

„Denza N8“-Може да помине над 1.000 километри на електричен погон со едно полнење

Најновите регулаторни документи објавени од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија (MIIT) открија детали за претстојниот модел на BYD, Denza N8, како и за продолжената верзија Denza N8L.

Електричниот Denza N8 сега има максимален досег од 1.003 км. Denza N8 е опремен со батерија од 130,15 kWh или 105,792 kWh, а моделот N8 нуди опции за досег од 1.003 км, 970 км, 840 км и 800 км.

Во меѓувреме, Denza N8L, користејќи LFP батерија од 130,15 kWh, нуди електричен досег од 960 км според кинескиот систем за мерење (CLTC).

Denza N8 е долг 5.150 мм, додека Denza N8L достигнува должина од 5.200 мм. Верзијата со погон на задните тркала и еден мотор е достапна со две нивоа на моќност: 320 kW (429 КС) и 370 kW (497 КС).

Достапен е и погон на сите тркала со три мотори. Оваа конфигурација се состои од еден преден мотор (270 kW/362 КС) и два задни мотори (секој со 310 kW/416 КС), што резултира со вкупна моќност од 890 kW (1.193 КС), пишува Car News China.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер