Познат е планот на НАТО за можна војна против Русија- го вклучува и Балканот - Канал 5

Познат е планот на НАТО за можна војна против Русија- го вклучува и Балканот

НАТО направил план за забрзано распоредување на американски војници за можна војна против Русија!

Познат е планот на НАТО за можна војна против Русија- го вклучува и Балканот

Како што пренесува The Telegraph, Алијансата подготвува план стравувајќи дека Русија се подготвува за голема војна во Европа.

Направени се нови планови за копнени коридори за брзо преместување на американските трупи низ северна, централна и јужна Европа без локални бирократски пречки. Ова ќе им овозможи на силите на НАТО да нападнат во моментот доколку разорната војна на Путин во Украина се придвижи на запад.

Откриените планови вклучуваат непредвидени ситуации во случај на руско бомбардирање. Тоа значи испраќање војници за влез на Балканот преку коридори во Италија, Грција и Турција. Северната рута значи пристигнување на фронтот преку Скандинавија (Норвешка, Шведска и Финска), изјавија официјални лица кои сакале да останат анонимни. Централната рута вклучува испраќање војници преку Холандија, Германија и Полска до Балтикот.

Тензиите меѓу Русија и Западот нагло се зголемија во последните неколку недели, а рускиот претседател Владимир Путин отворено ја призна можноста за трета светска војна, заканувајќи се со „фатални последици“ за западните сојузници доколку дозволат Украина да користи западно оружје на руска територија.

Украина има сè поголеми проблеми да се одбрани од руската инвазија, што ги натера европските лидери да заземат поостар став кон Москва додека војната беснее во третата година. Некои европски лидери како францускиот претседател Емануел Макрон се закануваат дека ќе испратат војници во Украина.

Според откриените планови, американски војници ќе се истоварат на едно од петте пристаништа низ Европа, од кои четири ќе овозможат пристап до западната украинска граница, а петтото ќе стигне до руската граница преку Финска. НАТО веќе имаше планови американските трупи да бидат распоредени во Холандија пред да заминат за Полска со воз во случај на војна.

Норвешкиот генерал Еирик Кристоферсен предупреди дека Европа има само две до три години да се подготви пред Русија да започне напад. НАТО ја истражува можноста за контрамерки. Проширените коридори треба да обезбедат безбедност во случај на прекин на логистиката или комуникациските линии, зацврстувајќи ги рутите за брзо движење низ Европа доколку Русија нападне една од членките на Алијансата.

Ако рутата низ централна Европа стане загрозена, сојузничките трупи би можеле да се движат низ Италија во Словенија и на Балканот, заобиколувајќи ги Алпите и Швајцарија. Целта на плановите би била да се обезбеди војската да брза низ Европа без одложувања предизвикани од локалните регулативи и контролни пунктови - бидејќи француската влада забележа тешкотии во преместувањето на тенковите преку границите на нивниот пат кон Романија.

Грција и Турција - и двете членки на НАТО - би можеле да обезбедат рути до Романија и до јужниот брег на Украина. Петтата рута низ Норвешка и Шведска до Финска би можела да им овозможи на војниците да стигнат до руската граница на север, откако Финска се приклучи на блокот во април минатата година.

Лидерите на НАТО минатата година се договорија да подготват 300.000 војници кои ќе бидат во состојба на висока борбена готовност за одбрана на блокот во случај на напад на една од земјите-членки. Тоа е нешто помалку од половина од силите што Наполеон Бонапарта ги испрати во Русија во неговата катастрофална кампања во 1812 година.

YouTube video

Русија, во меѓувреме, продолжува да ги зголемува своите сили. Научниот центар Royal United Services Institute (RUSI) процени дека руската армија ја започна 2023 година со „многу неорганизирани сили во Украина“ со околу 360.000 војници, кои до летото минатата година се зголемија на 410.000. Во извештајот се наведува дека до почетокот на оваа година на окупираните територии имало 470.000 руски војници.

Во декември минатата година рускиот претседател Путин изјави дека Русија нема намера да нападне некоја од членките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.

Ѓорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржини

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците.

- За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација.

- Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово  во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. 

На скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на живот

-На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

И кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка.

Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка.

Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери.

Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните.

Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер