ТехнологијаПознат е капацитетот на батеријата на „iPhone 14“Како што правеше во претходните години, „Apple“ не го објави капацитетот на батеријата на најновата серија „iPhone 14“, која неодамна беше објавена.Сепак, нов извештај ни дава увид во оваа информација. Интересно е што дури и во официјалната листа за „iPhone 14“, „14 Plus“, „14 Pro“ и „14 Pro Max“ на страницата „Apple.com“ не се споменуваат точните големини на батериите на овие уреди. Новиот извештај од „Macrumors“ ја открива големината на батериите за сите четири нови модели на „iPhone“. Публикацијата доби детали за батериите на уредот од базата на податоци на регулаторна агенција во Кина. Според оваа база на податоци, капацитетите на батериите на серијата „iPhone 14“ се следни: „iPhone 14: 3279 mAh“ „iPhone 14 Plus: 4325 mAh“ „iPhone 14 Pro: 3200 mAh“ „iPhone 14 Pro Max: 4323 mAh“ За споредба, „iPhone 13 mini“ има батерија од „2406mAh“, „iPhone 13“ има капацитет на батерија од „3227mAh“, „iPhone 13 Pro“ има батерија од „3095mAh“, додека капацитетот на батеријата на „iPhone 13 Pro Max“ е „4352mAh“. Како што може да се забележи, „iPhone 14 Plus“ ја има најголемата батерија во најновата серија, но и најголемата батерија што досега ја имал еден „iPhone“. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook