МакедонијаПожарот на планината Готен, нод страната на Берово ставен под контрола Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјави за МИА, Димитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово.Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека во текот на денот пожарот ќе биде под контрола и нема да се дозволи негово проширување. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој неколку дена е на терен на планината Готен, каде што шумскиот пожар зафати огромна површина во општините Василево, Берово и Радовиш, вели дека во текот на вчерашниот ден пристината е помош во градежни машини од општините Штип, Кавадарци и Василево, со кои се пробиваат патишта, односно се прават пресеци низ шумата, за да се спречи брзото ширење на огнот. - Од она што го гледам на терен што го работат екипите сум презадоволен. Денеска со нас се и преку 100 војници од Армијата, имаме помош и од Доброволните противпожарни друштва коишто се одзваа во добар број. Така што ако она што сме го зацртале во текот на синоќешните координации во Општина Василево и во Општина Радовиш, има огромни изгледи во текот на денешниот ден до завршувањето, овој пожар да го ставиме под некаков контролиран простор, истакна Михаилов. Тој забележува дека ангажирани се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброоволци, припадници на Армијата, а има и осум возила пинцгауери и четири градежни машини. Пожарот на планината Готенј беснее веќе неколку дена зафаќајки голем шумски простор на територија на општините Василево, Берово и Радовиш. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенови за спорт на младите во општина ИлинденОпштина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“. Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри. На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ. На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски. На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2. Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членкаЕвропските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват,истакнувајќи ја Црна Гора како водечки кандидат за членство до 2028 година.Лидерите на ЕУ Тие уште еднаш ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која се стреми да стане 28-ма членка на унијата до 2028 година, и ја повикаа Србија да се реформира и да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со онаа на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во КумановоСо засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата. Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој веднаш одговори на барањето за помош и стави на располагање тешка механизација што активно работи на терен. Благодарение на оваа навремена интервенција, процесот на санација се одвива значително поефикасно. Во тек е расчистување на депонијата и нанесување нови слоеви земја, со цел да се намали ризикот од самозапалување на подземните гасови и појава на пожари. Паралелно со тековните мерки, се работи и на трајно решавање на проблемот преку изградба на регионална фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион и трансформација на постојните депонии во трансфер-станици за комунален отпад. Со заедничка работа и координација меѓу институциите, се преземаат конкретни чекори за надминување на проблемот и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter