Пожарот кај Љуботенски бачила ќе се гасне со авиони, се шири пожарот кај Лакавица, а под контрола ставен тој кај Сирхан

Од ЦУК информираат дека во скопски регион се уште е активен пожарот на местото викано Љуботенски бачила каде е зафатена поголема површина нискостеблеста дабова шума и трње.

Побарана е интервенција на авиони за гаснење на пожарот кај Љуботенски бачила, а пожарот кај Драчево го прекина железничкиот сообраќај кој се очекува да се нормализира. Нови пожари попладнево има кај Небрегово и Гостивар. Пожарот во Тетовско кај Лакавица се шири кон село Седларево. Под контрола е ставен пожарот кај Саса и во Преспа кај Сирхан.

Од ЦУК информираат дека во скопски регион се уште е активен пожарот на местото викано Љуботенски бачила каде е зафатена поголема површина нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец". Теренот е непристапен, и побарано е да дејствуваат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. На лице место се упатени припадници на шумско стопанство Караџицa.

Пожарот во близина на фабриката за тули „Типо" – Драчево е изгаснат. Пожарот зафати дел од пругата, поради што сообраќајот беше во прекин на релација Скопје – Велес. Екипите на МЖ за санација на инсталацијата се на терен и се очекува сообраќајот да биде нормализиран.

Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. До сега е опожарена голема површина даб и смрека. Известени се БППЗ на Град Скопје и ШС Караџица.

Во битолскиот регион пожарот има кај селата Прељубје и Покрвеник, а кај Перово место викано Вича е целосно изгаснат.

Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале е ставен под контрола.

Во општина Долнени појавен е пожар кај село Небрегово каде гори шума. На терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП. Активен пожар има и кај село Топлица во близина на каменоломот, на терен се екипи од ТППЕ-ПРИЛЕП.

Во Тетовско, пожарот кај село Лакавица, општина Желино е се уште активен и се шири кон село Седларево потпомогнат од силниот ветер. Во општина Гостивар појавен шумски пожар кај село Ѓурѓевиште на пожарот интервенираат од ТППЕ Гостивар.

Во охридски регион има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен, гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од Шумско стопанство „Сандански".

Во општина Македонски Брод интервенираат поради пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума. На гаснење на пожарот има вработени од ШС „Сандански" и од месното население.

Во велешки регион активен пожар има во атар на село Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес.

Во општина Чашка има пожар во атарот на село Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .

Во штипски регион во атарот на село Саса м.в Маалаците пожарот е локализиран но дел од пожарот се уште зафатена е нискостеблеста шума на површина од околу 150 Ха. На терен се од ТППЕ Каменица вработени во Саса, како и вработени во Македонски шуми.

Во општина Берово има активен пожар во атарот на м.в Цареви колиби Владимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснење на пожарот интервенираат вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.

Во струмичкиот регион во атарот на селата Свидовица и Куклиш има шумски пожар каде гори борова шума. Во гасењето учествуват од ТППЕ Струмица и од ШС Беласица

Во кумановскиот регион во Општина Липково пожарот во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре е изгаснат.

Во општина Крива Паланка во атарот на село Габор маало Милчовци према Метежево има пожар каде гори сува трева и мешовита шума. Во гасење на пожарот интервенираат ТППЕ Крива Паланка и екипа од ШС Крива Паланка./МИА

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер