Пожар во зграда во Берлин, повредени најмалку 16 лица - Канал 5

Пожар во зграда во Берлин, повредени најмалку 16 лица

 Хорор во Берлин, во пожар во станбена зграда  што избувна утрово  повредени се најмалку 16 лица , од кои едно потешко.

Пожар во зграда во Берлин, повредени најмалку 16 лица

Во болница се задржани четири лица, јавуваат германските медиуми.

Пожарот избувнал во стан на приземје на петкатница во Кројцберг, Берлин.

Во гаснењето на пожарот учествувале 68 пожарникари, кој во меѓувреме е локализиран, соопштија од противпожарната служба. Причината за пожарот се уште не е позната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можело да се преименува во чест на Доли Партон

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон.

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можело да се преименува во чест на Доли Партон

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон, според предлогот објавен вчера од гувернерот на Тенеси Бил Ли и управата на аеродромот по нејзината смрт.

Преименувањето на меѓународниот аеродром во Нешвил (БНА) ќе биде „траен спомен на нејзиното неизбришливо наследство“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот и аеродромот. Партон инспирираше генерации луѓе во Тенеси и ширум светот, се додава.

„На место каде што Тенеси го пречекува светот, сосема е соодветно BNA да го носи името на Доли Партон“, рече Ли во објавата на социјалната мрежа X.

Долго време живеела во Нешвил

Доли Партон е родена во Тенеси во 1946 година, а се преселила во Нешвил во 1964 година, каде што ја започнала својата кариера како текстописец и музичар. Таа стана една од најпознатите личности во кантри музиката.

Таа мирно почина во Нешвил на 80-годишна возраст, објави нејзината агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп си се прогласи за најголем претседател во историјата на САД

Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со својата најнова објава на социјалната мрежа Truth Social, каде што се прогласи за најголем претседател во историјата на Соединетите Американски Држави.

Трамп си се прогласи за најголем претседател во историјата на САД

Трамп се постави себеси на врвот на својата листа како „најголем“, додека меѓу „големите“ ги наведе познатите претседатели како Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн.

На листата се наоѓаат и „најголеми губитници“, вклучувајќи ги демократите Барак Обама и Џозеф Бајден, кои Трамп често ги критикува.

Трамп ги избра Теодор Рузвелт, Гровер Кливленд и Џон Адамс како „скоро одлични“, додека Бил Клинтон го означи како просечен.

Џејмс Бјукенен и Калвин Кулиџ беа меѓу оние „под просекот“.

Објавата доаѓа откако анкетата на CNN покажа дека 53% од републиканските гласачи го оценуваат Трамп најмногу како претседател на Републиканската партија, пред Роналд Реган и Абрахам Линколн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Договорен е еден од најголемите трансфери во фудбалката историја

Бредли Баркола доби подарок во форма на историски трансфер неколку дена пред неговиот 24-ти роденден. 

Договорен е еден од најголемите трансфери во фудбалката историја

Поранешното лево крило на ПСЖ и Франција, кој постигна три гола на неодамнешното Светско првенство, за малку ќе потпишеше за Ливерпул.

Сигурниот Дејвид Орнштајн објави: „Ливерпул договори сè за трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ. Крилниот напаѓач на парижаните доаѓа за 106 милиони фунти фиксни и 17 милиони фунти бонус. Претворено во евра, обештетувањето е 125 милиони + 20 милиони. Францускиот репрезентативец ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор со Липоол за 24 часа“.

Баркола во ПСЖ дојде пред три години од Лион со отштета од 45 милиони евра. Оттогаш одигра 152 натпревари со учинок од 39 гола и 37 асистенции. Тој освои три француски титули и две титули во Лигата на шампионите, како и два домашни купа, како и еден Интерконтинентален куп. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 90 милиони евра.

Влегува на седмото место, а може да скокне и на третото

Трансферот на Баркола е еден од најскапите во историјата. Фиксната сума за обештетување од 125 милиони евра го става на седмото место. Ја дели со Јано Диоманде, кој неодамна за истата сума се пресели од Лајпциг во Реал.

Доколку се исполнат условите за активирање на бонусот од 20 милиони евра, тој се искачува на третото место од кое ќе го измести нешто поевтиниот Александар Исак. Минатото лето беше купен и од Ливерпул.

Најскапите трансфери во историјата:

1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра

2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра

3. Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра

4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челзи за 137 милиони евра

5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра

6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра

7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра

8. Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи за 121 милион евра

9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра

10. Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евра

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер