Повторно заживува изградбата на „Чебрен", тендер до крајот на годината

Ќе се надградува студијата за изградба на „Чебрен" и ќе се обновува тендерската документација. Проектот вреден половина милијарда евра повторно ќе заживее, во вид на јавно-приватно партнерство.

Како што беше речено денеска во Владата по потпишувањето на Договорот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), изградбата на хидроелектраната се очекува да почне догодина, а првите количини струја би требало да протечат во 2025 или 2026 година со оглед дека се работи за голем, капитален проект.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, заинтересирани инвеститори има многу, од регионот и од Западна Европа. Сите се од енергетскиот сектор.

-По десетина години, го оживуваме проектот „Чебрен" кој е веројатно стар колку што сум јас и кој многу години и генерации го зборуваат. Но, од тогаш се променети многу работи. Ценевме дека е разумно и прагматично, она што е досега направено да не го фрламе, туку да го искористиме, само да го надградиме согласно она што го бараат актуелните околности на енергетскиот пазар кој е многу полиберализиран во регионот. Таа можност треба да ја искористиме. Предност е и тоа што нашата држава денес е многу постабилна од пред десет години и поради тоа многу поатрактивна за странските вложувачи, истакна Анѓушев.

Апдејтирањето на студијата зад која стои ИФЦ, со најновите технички податоци и со податоците од актуелните услови на енергетскиот пазар ќе се заокружи до октомври/ноември годинава по што, најави Анѓушев, до крајот на 2019-та ќе се распише и тендер. Тендерската постапка, пак, се очекува да заврши во првата половина на 2020 година, а потоа ќе почне и изградбата на хидроелектраната.

„Чебрен", напомена вицепремиерот, ќе има можност за давање секундарна регулација или т.н. балансна енергија која има своја вредност, а тоа како проект ќе го направи уште поатрактивен за инвеститорите. Инсталираниот капацитет ќе биде флексибилен за компанијата инвеститор, но, сепак, не помал од 350 мегавати. Во јавното приватно партнерство, страната на државата ќе ја застапува ЕСМ која сега е многу помоќна компанија од она што беше порано.

– Досега имавме девет неуспешни тендери за „Чебрен", а некаде слушнав дека се 11. Не би сакал да навлегувам од кои причини не поминаа, иако имаше и објективни и субјективни. Во еден период се јавија сериозни инвеститори, но се одлучи да не им се дозволи да склучат договор. Овој пат сум убеден дека тендерот ќе успее зашто државата е многу постабилна за разлика од пред 10 години, а тоа значи сигурност за инвеститорите и атрактивност. Земјава е пред зачленувањето во НАТО, а наскоро треба да ги почне и преговорите со ЕУ што дополнително ја прави привлечна за странските вложувачи, потенцира Анѓушев.

Потпретседателката на ИФЦ за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер рече дека земјава има добар потенцијал за производството на хидро-енергија.

-Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со неа и со другите развојни партнери на изработката на проценката на проектот за „Чебрен" кој претставува клучна иницијатива за подобрување на идната енергетска сигурност на земјата. Владата на Македонија е со амбициозна цел, долгорочен економски развој, одржлив раст, креирање работни места, а ИФЦ сака да биде дел од тоа, изјави Бејкер.

Проектот за ХЕЦ „Чебрен", според ИФЦ, има потенцијал на Македонија да и обезбеди чиста обновлива енергија и да овозможи земјата да ја намали зависноста од јагленот со кој сега се произведува електрична енергија за повеќето од домовите и бизнисите. Исто така, овој проект има потенцијал да обезбеди важни услуги за енергетските системи како во Северна Македонија така и во другите земји од регионот.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер