ЖивотПовторно вклучени алармите: Оваа европска земја „гори“ Француската метеоролошка служба соопшти дека 61 департман во Франција денес се под портокалово ниво на предупредување и дека се очекува топлотниот бран да трае до крајот на оваа недела.„Метео Франс“ најави температури меѓу 35 и 38 степени низ целата земја, додека на југозападот на Франција тие би можеле да достигнат 41 степен, пренесува BFMTV. Пожарот во департманот Источни Пиринеи, кој зафати површина од 4.900 хектари, сè уште не е локализиран, соопшти префектот на департманот, Пјер Рењо де ла Мот. „Опфатот на пожарот изнесува 40 километри. Пожарникарите ја продолжија жестоката борба со огнот во текот на ноќта“, рече тој. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека пожарот не е локализиран, но додаде дека сепак е „стабилизиран на неколку места“. Околу 800 пожарникари се сè уште ангажирани во гаснењето на пожарот, а се очекува и дополнителна помош од воздухопловните сили.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотАпокалиптични сцени од Кина: Силно торнадо носеше сè пред себе, најмалку 11 загинатиСилно невреме проследено со грмежи и торнадо ја погоди кинеската провинција Хубеи, при што загинаа најмалку 11 лица, а 331 беа повредени.Најмалку 11 лица загинаа, а 331 се повредени во силна грмотевици што ја погоди кинеската покраина Хубеи. Пет лица ги загубија животите само во градот Еџо, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен. Од понеделник до вторник, силни ветрови придружени со грмотевици ги погодија градовите Хуангши, Хуангганг, Еџоу и Сјанинг. Според Синхуа, налети на ветер од осум до 13 степени по Бофортовата скала се регистрирани во 53 општини, што погоди околу 14.600 жители. Ветрови од 13 степени беа измерени во две општини, додека торнада беа регистрирани во некои области. Властите објавија дека обемот на материјалната штета сè уште се проценува, а досега се евакуирани 246 лица. Метеоролошката служба на Хубеи објави дека до 11 часот наутро во вторник, издала голем број предупредувања за лоши временски услови во текот на претходните 18 часа. Иако некои претходни предупредувања истекоа, 86 остануваат на сила, главно поради обилни врнежи од дожд, силни грмотевици и силни ветрови. На граѓаните им беше препорачано да ги следат предупредувањата и состојбата на водотеците, како и да преземат заштитни мерки. Откако помина бурата, речиси 3.000 лица од различни служби беа распоредени во Хуангганг за да учествуваат во операциите за спасување и помош. Во округот Хуангџоу, 103 жители од 81 домаќинство кои живееја во дотраени или високоризични згради беа евакуирани и безбедно згрижени, објавува CCTV News. Според истиот извор, бурните ветрови во округот Хуангџоу собориле голем број дрвја, предизвикале човечки жртви во станбените области и оштетиле возила и деловни објекти. Градот Еџоу активирал црвено предупредување за опасно конвективно време во понеделник во 19:00 часот. Прелиминарните податоци до 5:10 часот наутро во вторник покажуваат дека 428 лица биле погодени, пет лица загинале, а 178 биле евакуирани на безбедни локации. 155 домаќинства, или 378 станбени единици, биле оштетени, објави CCTV News, повикувајќи се на Бирото за управување со вонредни состојби во Еџоу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветНад 3.500 загинати во разорните земјотреси во ВенецуелаБројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.535, соопштија властите, додека речиси 18.000 луѓе и понатаму се без покрив над главата, повеќе од една недела по катастрофата.Според официјалните податоци, во земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, повредени се 16.740 лица, а 17.854 се раселени. Најтешко погодени се главниот град Каракас и крајбрежната област ла Гуаира, каде што продолжуваат спасувачките и хуманитарните активности. Властите информираа дека најмалку 12.800 лица се сместени во 80 привремени засолништа во Каракас и Ла Гуаира..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Македонија23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан во Солун23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа неаполи во Солун, објавија грчките медиуми..Според информациите, нејзините родители подолго време не можеле да стапат во контакт со неа, по што близок роднина заминал до станот во кој престојувала. Таму ја пронашол девојката без знаци на живот и веднаш биле известени надлежните служби. Грчките медиуми јавуваат дека на телото бил извршен првичен преглед, а според досега собраните податоци не биле утврдени траги кои би упатувале на кривично дело..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter