Повторно се распадна ракетата на Илон Маск, денеска по четврти пат (ВИДЕО) - Канал 5

Повторно се распадна ракетата на Илон Маск, денеска по четврти пат (ВИДЕО)

Четвртиот тест лет на ракетата Старшип на Спејс Икс денеска имаше неуспешен лет и прототипот се сруши, потврди основачот на компанијата Илон Маск на Твитер.

Повторно се распадна ракетата на Илон Маск, денеска по четврти пат (ВИДЕО)

„Нешто важно се случи за време на спуштањето“, напиша тој на таа социјална мрежа, по трите претходно неуспешни обиди.

„Ќе дознаеме што се случило кога ќе ги истражиме остатоците подоцна во текот на денот“, објави Илон Маск, додавајќи на шега: „Барем кратерот е на добро место!“

YouTube video

Третиот прототип на ракетата „Старшип“ на американската вселенска компанија „Спејс Икс“ експлодира на почетокот на март по она што се чинеше како успешен лет и слетување. Претходните два тест лета завршија со несреќа при слетување.

Основачот на приватната вселенска компанија SpaceX, милијардерот Илон Маск ја развива следната генерација на ракетата Старшип со цел да се патува со неа на Марс и на Месечината.Ракетата Старшип е основата на амбицијата на Маск да ги направи летовите во вселената подостапни за луѓето.

Тест-лансирањата се одвиваат во скоро пуста област изнајмена од SpaceX во јужен Тексас недалеку од границата со Мексико и покрај Мексиканскиот залив.Оваа област е доволно голема и празна за несреќите или експлозиите да не предизвикаат штета или жртви.

И покрај падовите, SpaceX собира вредни податоци што ќе му овозможат да го забрза развојот на вселенската програма, велат експертите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.

Помалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)

Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот.

Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот.

Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС.

Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“.

„Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството.

Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес.

Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.

Пожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)

На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР.

Се уште не е познато како настанал пожарот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер