БалканПовторно пожар во близина на АтинаПовторно пожар во регионот на Лагонизи, Атика, во областа околу главниот град на Грција , информираат локалните медиуми.Службата за противпожарна заштита во земјата информира дека нема опасност за населението и домовите на луѓето во близина на пожарот. Пожарот се случил по запалена сува трева. Околу 30 пожарникари со над 10 противпожарни камиони се мобилизирани на теренот. Авион и хеликоптер, исто така, помагаат да се локализира пожарот. Потсетуваме дека минатата 2018 година Грција имаше ужасни шумски пожари . Околу 100 лица загинаа во пожарот во јули минатата година во една од атинските населби. Многу домови беа запалени. Најтешките пожари беа во Атика. Тешки пожари се случија и на островите Крит и Закинтос. Малку подоцна , министерот за јавен ред Никос Тоскас поднесе оставка поради пожарите во Атика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештеркитеХајди Клум открива морничав детаљ од костимот за Ноќта на вештерките-Фановите се обидуваат да погодат во што ќе се трансформираСлавната манекенка Хајди Клум која традиционално воодушевува со својот костим за Ноќта на вештерките сподели последна трага пред забавата во Њујорк, а еден необичен протетски додаток поттикна бројни шпекулации. Хајди Клум повторно ја заинтригира јавноста, давајќи навестувања за својот костим за Ноќта на вештерките. Познатата манекенка – која со години е прочуена по своите неверојатни трансформации – сподели последна трага пред забавата во Њујорк. На фотографиите што ги објави на Инстаграм се гледа необичен протетски додаток, кој наликува на уста полна со остри, застрашувачки заби. Покрај објавата стоеше кратка порака: „Вашата последна трага... Се гледаме утре“, што дополнително ја разгори љубопитноста на нејзините следбеници. Таа сè уште го нема откриено конечниот изглед, но на социјалните мрежи веќе врие од шпекулации. Меѓу потенцијалните инспирации што се спомнуваат се Монстро Елисасу од хорор-филмот „Супстанца“ (The Substance), застрашувачките суштества од серијата „Последните од нас“ (The Last of Us) и Векна од „Чудни нешта“ (Stranger Things). Сложена трансформација Во текот на изминатите неколку дена, Клум постепено споделуваше детали за подготовките. Таа објави фотографии од протетски елементи што наликуваат на органи и ткива, а претходно навести дека овогодинешниот костим ќе биде исклучително крвав. Нејзиниот долгогодишен соработник, шминкерот и експерт за специјални ефекти Мајк Марино, истакна дека ова е еден од најсложените проекти на кои некогаш работеле. Во едно интервју, манекенката исто така откри дека нејзиното тело ќе добие форма каква што вообичаено не се среќава во човечката анатомија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter