Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
1Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи
215 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана
ТехнологијаПовторно паднаа Инстаграм и Фејсбук, корисниците се жалеа на ТвитерСоцијалните мрежи Инстаграм и Фејсбук повторно крахираа ширум светот.Голем број корисници на овие мрежи се пожалија дека има проблем со логирањето и пристапот на овие мрежи. Хаштагот #instagramdovn го преокупираше Твитер, посебно во Велика Британија. Повеќето корисници на Инстаграм се жалеле дека има проблем со вчитувањето и освежувањето на апликацијата,а не можеле ниту да се логираат. Сличен проблем имале и корисниците на Фејсбук кои исто така не можеле да се логираат на својот налог, ниту да ги освежат содржините. Највеќе проблеми со Инстаграм имаат корисниците на оваа социјална мрежа во Западна Европа, додека истовремено ширум светот, посебно во Америка , луѓето се жалат на Фејсбук. Се уште не е познато што би можело да биде причината за падот на овие социјални мрежи на глобално ниво. Instagram users running to Twitter because it’s down #instagramdown pic.twitter.com/0qtlkvYVMd — Bad Influencer ® (@Landless_Native) November 28, 2019 Me rushing to twitter to check if Instagram is down or if it’s just mine #instagramdown pic.twitter.com/y15vulIKal — Claudia Crowther (@_claudia_dee) November 28, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВодата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степениВодата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години. Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран. Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште. Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана. -Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter