Повторно отворен аеродромот во Нова Каледонија

 Главниот аеродром на француската прекуморска територија Нова Каледонија повторно ќе биде отворен за сообраќај откако беше затворен еден месец поради големите судири меѓу полицијата и милитантните борци за независност.

Аеродромот Ла Тонтута, кој го поврзува главниот град на Нова Каледонија Нумеа со летови до Сиднеј, Токио, Сингапур и други места, повторно ќе биде отворен в понеделник, се вели во денешното соопштение на високиот комесар на територијата.

Донесена е и одлука полицискиот час да се скрати за околу два часа, поради „подобрување на ситуацијата и да се олесни постепеното враќање во нормален живот, се вели во соопштението на високиот комесар.

Насилството што избувна на 13 мај поради контроверзните реформи за гласачкото право остави девет мртви, вклучително и двајца жандарми, и голема материјална штета. Како што започна кампањата за предвремените парламентарни избори во Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше реформите кои би ги промениле избирачките права во Нова Каледонија.

Туристите заробени поради затворањето на аеродромот беа евакуирани со воени авиони.

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

 Во организација на Министерството за правда денеска во Апелацискиот суд Штип ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Македонија.

Како што информираат од Министерството за правда, настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.

-Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда, велат од Министерството.

Тркалезната маса е трета од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Мбапе останува осомничен во случајот на силување во Шведска

 Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Килијан Мбапе останува осомничен во случајот за силување во хотелот „Банк“ во Стокхолм, пишува „Афтонбладет“.

Според шведската обвинителка Марина Чарикова, истрагата за инцидентот продолжува.

Пред да даде изјава во полиција, повредената девојка која го обвини Мбапе прво отишла во болница да побара помош. Дополнително, изјави за случајот се земени од неколку неименувани жени кои имаат информации за тоа што се случило.

Истрагата започна на 14 октомври, самиот 25-годишен фудбалер негира каква било вмешаност во инцидентот. Адвокатот на Мбапе изјави дека играчот има намера да поднесе тужба за клевета.

Мицкоски: Очекувам до крајот на 2024 странски директни инвестиции од над 1 милијарда евра

Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

[📈] Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години.

Мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани.

[✅️] Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда!

Заедно за работа која носи дела!, стои во објавата на Мицкоски.

притисни ентер