Повторно е одложена мисијата на НАСА на Месечината - Канал 5

Повторно е одложена мисијата на НАСА на Месечината

Првата мисија во програмата на НАСА за враќање на луѓето на Месечината е одложена најрано до пролет, објави американската вселенска агенција, наведувајќи дека и треба повеќе време за да се завршат безбедносните проверки.

Повторно е одложена мисијата на НАСА на Месечината

Тестирањето на системот, закажано за февруари, се очекува да се одржи во март во вселенскиот центар Кенеди во Флорида, соопшти НАСА.

За ова тестирање, ракетата ќе биде преместена на лансирната рампа, ќе се наполни гориво и ќе бидат изведени низа од операции за лансирање.

Овој тест ќе и помогне на американската вселенска агенција да го одреди вистинскиот датум на лансирање.

Нема „конкретно“ прашање што предизвикало дополнителни одложувања, им рече на новинарите Том Витмајер, заменик-директор за развој на системи за истражување во седиштето на НАСА во Вашингтон.

„Може да биде нешто едноставно како гребнатинка што треба да се исполира или некоја боја што треба да се поправи. Тоа е навистина голем занает“, рече тој.

Пред неколку месеци, владата на САД објави дека мисијата Артемида I најверојатно ќе се одржи „летото 2022 година“,објави Вашингтон Пост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе ја заштити слободата на пловидба и безбедноста на поморските трговски патишта.

По нападот во Ормускиот теснец, пристигна порака од Израел

„Поставив едноставна цел. Целта на морнарицата, но и на Израел, е да ги обезбеди морските линии и слободата на поморската трговија, кои се од витално значење за Државата Израел“, рече Нетанјаху за време на посетата на поморската база во Хаифа, објавува „Тајмс оф Израел“.

Неговата изјава дојде, според израелскиот портал, во време кога Иран продолжува да напаѓа танкери во Ормускиот теснец, а јеменската бунтовничка група Хути, која е поддржана од Иран, упатува нови закани до израелските бродови во Црвеното Море.

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) претходно денес објави дека танкер бил погоден од неидентификувана ракета додека пловел низ Ормускиот теснец.

Индиректните разговори меѓу САД и Иран, одржани минатата недела во катарскиот главен град Доха, завршија без никаков значаен напредок по прашањето за Ормускиот теснец.

Иран ги предупреди бродовите да не минуваат низ Ормускиот теснец преку јужната рута во оманските води, нагласувајќи дека секое поминување низ водниот пат мора да биде координирано со иранската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата на Марин Ле Пен за злоупотреба на средства од Европскиот парламент, но ја скрати нејзината забрана за вршење јавна функција, со што ѝ го отвори патот повторно да се кандидира на претседателските избори.

Француски суд: Ле Пен може на претседателските избори, но ќе носи електронска алка

Лидерката на крајната десница, сега може да учествува на изборите следната година, но под услов да носи електронска нараквица една година, што претходно изјави дека не го прифаќа. Судот ѝ изрече тригодишна затворска казна – две години условно и една година со електронски надзор. Ле Пен се кандидираше за претседател три пати. Таа стана главен ривал на Емануел Макрон, откако двапати се кандидираше и два пати загуби од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер