Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
2Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа
МакедонијаПовторно блокади на граничните премини Евзони и НикиОд 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности.Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до Владата. Во текот на денешниот ден, според АНА-МПА, планирани се блокади за сообраќај на сите возила на Евзони, во периодот од 12 до 16 и од 18 часот по локално време, додека пак на другите премини, Ники кон Македонија и Промахонас и Ексохи кон Бугарија во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила. На Евзони, блокадите започнаа пред две седмици, односно на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои околу 300 на број остануваат паркирани на грчката страна на границата. Паралелно, земјоделците продолжуваат и со блокадите на автопатите низ цела Грција. Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта. Грчките земјоделци, по состанокот одржан во саботата со учество на претставници од цела Грција, одлучија да не одат на средба со грчкиот премиер, испратија писмо до Владата со нивните барања, кои и јавно ги објавија. Меѓу другото бараат: итна исплата на сите долгови што им ги должи државата; гарантирани минимални цени кои ќе ги покриваат трошоците за производство; намалување на трошоците за производство; надомест на изгубениот приход за 2025 година за сите производи чии цени паднале под трошоците за производство; запирање на масовните увози и лажно прикажување како домашни на странските земјоделски производи; итно двојно зголемување на земјоделските пензии итн. Дополнително, се осврнуваат и на скандалот со ОПЕКЕПЕ, односно скандалот со европските земјоделски субвенции и бараат да се вратат и распределат украдените средства на вистинските корисници, земјоделците да не ги плаќаат казните, но и да се утврдат политичките и кривичните одговорности и јавно да се објават имињата. Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции. Тагови: евзони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните. Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје. Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката. Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок. Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата. Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: ИНРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапаСкопје денеска пулсира во ритамот на 22. Виз Ер Скопски маратон, кој годинава обедини повеќе од 15.000 учесници од 63 земји од целиот свет.Стартот на маратонот го означи министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, испраќајќи порака дека спортот ги поврзува луѓето, ги надминува границите и создава позитивна енергија која се пренесува низ целиот град. „Скопскиот маратон е голем спортски настан кој го става Скопје и Македонија на светската спортска мапа. Илјадниците учесници од десетици земји денеска испраќаат силна порака дека спортот обединува, мотивира и инспирира. Како Министерство за спорт, заедно со Владата, остануваме силен партнер на спортот и на настаните кои го промовираат активниот и здрав начин на живот и ја афирмираат нашата држава. Затоа и годинава стоиме зад Скопскиот маратон и ќе продолжиме да поддржуваме настани кои носат спортска енергија, ги мотивираат граѓаните да бидат активни и го промовираат Скопје пред светот“ - истакна министерот за спорт. Ристовски упати честитки до сите учесници, организаторите, волонтерите и сите кои придонесуваат Скопскиот маратон да прерасне во препознатлив меѓународен спортски настан. „За секој што денеска е на патеката, најважен е сопствениот предизвик. Трчајте со срце, уживајте во трката и бидете горди што сте дел од оваа голема спортска приказна“ - порача Ристовски. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои придонесуваат за развојот на спортот, промоција на активниот живот и меѓународна афирмација на Македонија. На годинешното 22.издание на Скопскиот маратон се трчаат четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка. Со почит, Министерство за спортТагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: И што сега, Мицкоски? Незадоволен си што идентитетот е зачуван?Средбата ја нарекува клучна. Пораките за уставните измени не му се допаѓаат. Фон дер Лајен кажа јасно: на маса стои промената на Уставот. И нагласи: Европа ве чека со вашиот идентитет и со вашиот јазик. Тоа е истата реченица што Мицкоски ја продаваше како предавство. Никогаш Северна. Укинување на Преспанскиот договор. Враќање на името. Па Преспанскиот договор стана ремек-дело. Силјановска рече: македонскиот јазик, култура, идентитет се заштитени со договорот од Преспа. Сега тоа, во лице, го кажува и претседателката на Европската Комисијата. А тој е незадоволен. Незадоволен е затоа што му ја одзедоа лагата. Не затоа што некој го чепка македонскиот идентитет. Затоа што чекорот остана ист: Основи, реформи, обвинителство. Лаура Ковеши пред членство. Мицкоски тоа не го сака. Затоа „разговараме, не преговараме“. Затоа вината пак ја насочува кај претходните. Две и пол години ветуваше подобри услови. Никаде ги нема. Нема гаранции. Нема нова рамка. СДСМ го зборуваше ова пред изборите. Сега му го кажа и Фон дер Лајен во лице. Нема повеќе лаги дека тој нешто чува, затоа што претходната влада веќе го зачува. Единствениот што го загрозува националниот интерес е токму тој - арамијата Мицкоски. Затоа што национален интерес на Македонија е членство во ЕУ. Нема повеќе предавниции. Затоа што тој е единствениот предавник на интересот на граѓаните, заради личен интерес. И што ќе прави сега Мицкоски? Избори? За да избега од следниот чекор? Некој од Спутниците да му фрли ракавица? Да го предизвика, па повторно нови ветувања? Нови лаги? Вистината дојде. Правдата наскоро. Власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните. Арамија е незадоволен од вистината. Народот е незадоволен од бандата. Правдата мора да биде задоволена. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook