Повик од МАЕИ до дијаспората: Поддржете го Васил Стерјовски - Канал 5

Повик од МАЕИ до дијаспората: Поддржете го Васил Стерјовски

Поддржете го Васил Стерјовски, за да продолжи да биде силен македонски глас во Собранието

Повик од МАЕИ до дијаспората: Поддржете го Васил Стерјовски

Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги повика Македонците по потекло од Албанија, а живеат и работат во странство да гласаат за Васил Стерјовски за тој да продолжи да биде силен македонски глас во албанското Собрание.

- Драги наши Македонци, чии корени влечат од Преспа, Врбник, Корча, Подградец, Билишта и сите други населени места од Округот на Корча, кои денес живеете и работите надвор од Албанија. Дојде време повторно да се слушне вашиот глас. На 11 мај 2025 година вашето право на глас значи сила за целата македонска заедница во Албанија, стои во повикот.

Се додава дека Државната изборна комисија започна со доставување на гласачките ливчиња преку пошта, и на нив, „во колоната број 5, ќе го најдете името на Васил Стерјовски, човекот кој достоинствено нè претставува, кој се бори за нашите права, нашиот идентитет, нашата култура".

- Ако сакате да го поддржите, ставете знак до неговото име. Само тоа е доволно.

А ако сакате, можете да гласате и за Социјалистичката партија со знак во квадратчето број 5. Но најважно од сè – гласајте за гласот на Македонците. Секој ваш глас за Васил Стерјовски е глас за иднината на Македонците во Албанија. Тоа е глас што ја чува нашата историја, што ја продолжува нашата традиција, што зборува за нас во институциите каде што сме премногу често заборавени, порачуваат од партијата.

МАЕИ апелира „поддржете го Васил Стерјовски, за да продолжи да биде нашиот силен глас во албанското Собрание. Гласот на Македонците. Гласот на вистината. Гласот на надежта!".

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер