Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
1Лефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанин
СветПовеќето Јапонци очекуваат дека царините на Трамп ќе ги зголемат трошоците за живот Мнозинството луѓе во Јапонија очекуваат повисоките увозни царини на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголемат нивните животни трошоци, покажа денешното истражување на Kyodo News.На прашањето во едно национално истражување за потенцијалното влијание на царините врз трговските партнери на САД, вклучително и Јапонија, 84,2 отсто од испитаниците рекле дека повисоките даноци ќе ги загрозат нивните трошоци за живот, пренесе Ројтерс. Истражувањето спроведено вчера и денеска, исто така, покажа дека 55,3 отсто од Јапонците се против давање парична помош без ограничување на приходите, мерка за помош која моментално ја разгледува јапонската владејачка коалиција за да се ублажат ефектите од инфлацијата и повисоките царини од САД. Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба во петокот рече дека претстојните преговори за тарифи со Соединетите држави треба да донесат позитивен исход и придобивки за двете земји, истовремено вети сеопфатни напори на владата за решавање на националната криза предизвикана од воведувањето на американските царини. Тој додаде дека јапонската влада треба да ги повика Соединетите држави, нивниот најблизок сојузник, да ги повлечат тарифите што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, објави новинската агенција Кјодо. Премиерот Ишиба рече дека напорите на министерот за економска ревитализација Риосеи Аказава за време на неговата посета на САД следната недела ќе се фокусираат на заштита на извозно ориентираната економија на Јапонија од очекуваните последици од воведувањето на американските царини. Како што наведува агенцијата, иако американскиот министер за финансии Скот Бесант изјавил дека Јапонија ќе има приоритет во преговорите за тарифите, се очекува тешко да се дојде до отстапки од американска страна. Трамп во четвртокот го повтори својот став дека билатералниот безбедносен договор со Јапонија е едностран, сугерирајќи дека би сакал да ги вклучи одбранбените прашања во преговорите за тарифите на двете страни, особено потребата Токио да троши повеќе за одбраната. Врз основа на тој договор, Јапонија сноси дел од трошоците на американските сили стационирани во Јапонија, потсети Кјодо. За време на телефонскиот разговор меѓу Ишиба и Трамп во понеделникот, двајцата официјални лица се согласија да назначат министри задолжени за унапредување на преговорите за тарифи. Трамп ненадејно одлучи да ја одложи примената на царините за американските трговски партнери за 90 дена, а иако со тоа беше суспендирана примената на царините за Јапонија од 24 отсто, основните царини од 10 отсто остануваат на сила, потсетува јапонската агенција.Тагови: Јапонци царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Грижата на талогот од СДС и Филипче за граѓаните во случајот со модуларните заврши со 14 мртви пациенти, но сега има власт која се грижи за секој еден граѓанинВенко Филипче како прв човек на СДС, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи.Неговите кажувања дека обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е се, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово, се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност. Почитувани, сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници. Воедно, факт е само тоа што Филипче не отстапувал од своја идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДС, заедно со првиот човек Филипче можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаМФ: За првпат национален испит и сертификација на внатрешните ревизори во јавниот секторЗа првпат во земјава, преку Министерството за финансии, ќе се спроведе национален испит за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор.Ова претставува значаен исчекор во унапредувањето на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и е дел од континуираните активности на Министерството за финансии насочени кон поодговорно, потранспарентно и законско работење на институциите. Со организирањето на националниот испит, за првпат преку Министерството за финансии се воспоставува национална сертификација на внатрешните ревизори во јавниот сектор, со што се создаваат услови за натамошно професионализирање и зајакнување на оваа значајна функција во институциите. Спроведувањето на испитот и сертификацијата на внатрешните ревизори ќе значат директно зајакнување на капацитетите на единиците за внатрешна ревизија кај субјектите од јавниот сектор. Истовремено, ова претставува уште една конкретна потврда на заложбите на Министерството за финансии за зајакнување на механизмите за борба против корупцијата и обезбедување законско и одговорно работење на субјектите од јавниот сектор. Воспоставувањето на националниот испит е значајно и од аспект на европскиот интегративен процес. Со неговото организирање се прави чекор кон целосна реализација на препораките на Европската Унија во овој сегмент од Поглавјето 32 – Финансиска контрола, а воедно се придонесува и кон успешна реализација на следните чекори од Реформската агенда во оваа област. Материјалите за подготовка и прашањата за испитот веќе се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Испитните материјали се подготвени со техничка и експертска поддршка од Европската Унија за Министерството за финансии – Централната единица за хармонизација. Министерството ја изразува својата благодарност до Европската Унија за поддршката во реализацијата на овој значаен процес. Министерството за финансии во периодот што следи навремено ќе ја информира јавноста за следните чекори во процесот на организирање и спроведување на испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. За сите дополнителни информации и прашања поврзани со процесот, заинтересираните може да се обратат до Централната единица за хармонизација при Министерството за финансии.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија се сомнева во измама: 17.000 респиратори купени за време на КОВИДУнгарското Министерство за надворешни работи поднесе кривична пријава до обвинителството поради сомнение за измама и други кривични дела поврзани со купувањето респиратори во 2020 година.Спорната набавка е извршена за време на пандемијата на коронавирусот за време на мандатот на поранешната влада, а информациите ги потврди и министерката за надворешни работи Анита Орбан, објави Ројтерс. Истрага за купувањето вредно 826 милиони евра Орбан им објасни на новинарите дека жалбата се однесува на купувањето на речиси 17.000 респиратори, чија вкупна вредност достигна 300 милијарди форинти (826 милиони евра). Таа нагласи дека министерството тогаш купило илјадници вишок уреди по надуени цени, кои во реалноста не можеле да се користат. Извор: Индекс.хрТагови: Ковид-19 Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter