Јапонците го поканија Трамп во Хирошима и Нагасаки: Да ја разбере реалноста за атомските војни - Канал 5

Јапонците го поканија Трамп во Хирошима и Нагасаки: Да ја разбере реалноста за атомските војни

Гувернерот на Хирошима, Хидехико Јузаки, го покани новиот американски претседател Доналд Трамп да го посети истоимениот град како дел од напорите за нуклеарно разоружување и светскиот мир.

Јапонците го поканија Трамп во Хирошима и Нагасаки: Да ја разбере реалноста за атомските војни

Во писмото од 20 јануари, Јузаки му испратил на Трамп апел да го посети Меморијалниот музеј на мирот во Хирошима и да се вклучи во дијалог со преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање на градот во 1945 година. Јузаки го истакна значителното влијание што САД, како голема нуклеарна сила, го имаат врз глобалната безбедност, пишува јапонскиот „Асахи“.

Тој нагласи дека посетата на Трамп на Хирошима ќе помогне да се разбере реалноста на нуклеарното бомбардирање, испраќајќи силна порака за мир што ќе ги охрабри политичките лидери да донесуваат одлуки и да преземат чекори кон свет без нуклеарно оружје.

Како што дознава Асахи, слично барање било испратено и до потпретседателот Џ.Д.Венс.

Оваа иницијатива доаѓа во услови на зголемени меѓународни тензии околу нуклеарните прашања, бидејќи во 2025 година се одбележува 80-годишнината од бомбардирањето на Хирошима.

Слично барање беше упатено и за време на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден пред четири години. Претседателот Барак Обама беше првиот актуелен американски претседател што ја посети Хирошима во 2016 година.

Во одделен развој на настаните, објави Асахи, градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, исто така, ги објави плановите да го покани Трамп да го посети градот, второто и последно место кое било цел на нуклеарен напад. „Лидерите на нуклеарните сили имаат значително влијание врз напорите за нуклеарно разоружување“, рече Сузуки на 20 јануари, додавајќи дека внимателно ќе ја следи нуклеарната политика на Трамп.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, заедно со Јузаки ќе потпише писмо до Трамп, во кое ќе повика на претседателска посета на двата града.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува, во однос на изборите јасен му е епилогот, затоа и бега од соочување со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста.

Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.

Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.

Од 26 август почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк

На повикот треба да се пријават сите студенти - како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври годинава.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата.. Апликантите треба да се државјани на македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври., посочуваат од мон..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

- Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив се со невроинвазивна форма на болеста, посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните - доколку забележат симптоми како: висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви — веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер