Повеќе земји од ЕУ најавија затворање поради новиот сој на Ковид 19

ЕУ се затвора поради доцнењето на вакцините.

Со појавата на новиот сој на корона вирусот и со се почестите најави за доцнење на вакцините и создавање на голем вакуум во процесот на имунизација на населението, се повеќе земји надвор и од европската унија се затвораат за несуштински патувања ..

Франција од утре ги спушта граничните рампи за патници кои не се од европската унија освен во услови ако патувањето е од крајна потреба.

Чешка веќе забрани влез во државата за странци. На построг логдаун размислуваат и Канада, Германија, Холандија, Португалија, Шпанија и Белгија кај кои е евидентен порастот на новозаразени од корона вирусот и посебно од таканаречениот британски сој.

Инаку по „Астра Зенека“ и Фајзер-Бионтекс, ограничување на испораката на вакцини против Ковид 19 најавија и од фармацевтската компанија модерна. Дали ова ја натера европската унија да го ограничи извозот на вакцинин за северна ирска?

Британскиот премиер Џоннсон потегот го карактеризира како неверојатен чин на непријателство.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај, претходно ќе престојува во Франција

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Вучиќ ќе биде домаќин на претседателот на Кина, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Србија“, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Програмата и распоредот на посетата ќе бидат објавени подоцна.

Си Џинпинг во Србија ќе пристигне од Франција, каде ќе биде во државна посета.

„Посетата е по повод 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и по посетата на претседателот Макрон на Пекинг и Гуангжу во април 2023 година“, се вели во соопштението на француското претседателство.

„Разговорите ќе се фокусираат на меѓународните кризи, пред сè на војната во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, но и на трговските прашања, научната, културната и спортската соработка, како и на нашите заеднички активности за справување со глобалните предизвици - климатската вонредна состојба, заштитата на биолошката разновидност и финансиската состојба на најранливите земји“, додава претседателството.

Ова е почеток на првата европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид-19. /МИА

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 22 лица загинаа во израелските напади во текот на ноќта врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, соопштија палестинските здравствени власти. Меѓу убиените има шест жени и пет деца.

Од почетокот на војната, Израел редовно ја изложува Рафа на воздушни напади и се заканува дека ќе испрати копнени трупи, тврдејќи дека тоа е последното упориште на Хамас во крајбрежната енклава.

Над еден милион Палестинци избегаа во Рафа, барајќи засолниште во градот, кој се протега на границата со Египет. САД и другите земји го повикаа Израел да не врши инвазија за да избегне хуманитарна катастрофа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја започна својата седма дипломатска мисија на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, пред повеќе од шест месеци. /МИА

притисни ентер